@Kimberly11 рецептот го најдов на нет ќе ти прикачам слика. Во еден сад ќе го ставиш брашното, сода бикарбона, солта, какаото и шеќерот и ќе ги измешаш. А во друг сад или блендер ако имаш една банана, јаболков оцет, вода и зејтин. Се тоа заедно изблендирај(ако немаш блендер само згмечи ја бананата и се друго измешај заедно). Потоа ова додај го во првиот сад со брашното и додај сецкана чоколада. Измешај ги убаво, да се соедини. Се пече 25мин на 175степени. Инаку јас дупла доза праев па ми излегоа повеќе парчиња.
Секако дека може. -2.5 шолји брашно ( отприлика, бидејќи не го меревме брашното) -2 јајца -2 шолји шеќер -2 супени лажици какао -1 шолја зејтин -1 шолја млеко -5 лажици мармалад од сливи ( но може било каков) -1 ќесичка прашок за пециво -1 ќесичка ванилин шеќер -50 грама сецкани ореви Јајцата и шеќерот се матат, се додава млекото и зејтинот, се додава мармаладот, потоа пецивото и ванилиниот шеќер, и на крај брашното. На крај се додава какаото. Сè ова се прави во една смеса, и се пече половина час на 180° (во загреана рерна) Прелив: -Маалку помалку од половина шолја млеко -3 лажици шеќер -3 лажици маргарин -3 лажици мармалад -3 лажици какао Сè ова се врие заедно. Знам дека малку лошо напишан, ама сè е правено според она што го имавме дома.
Да. 4 јајца се матат со вилушка, се додава сол по вкус, 1 и пол чаша јогурт и половина чаша зејтин. Ова се течни состојки и заедно се мешаат. Во друг сад се мешаат тврдите состојки: Јас во филот ставив чаша и пол рендано сирење и една китка блитва, ја имам правено и со праз и многу е убава. На ова се додава брашно, (во оригиналниот рецепт е пченично, јас го правам со чаша и пол пченкарно и половина чаша пченично) и едно пециво. Се соедниуваат течните и тврдите состојки и се пече 20 тина минути на 200 степени. По желба одозгора се наросува сусам. Добар апетит
Леле све ми е од ѓутуре! Ама отприлика вака: 2 јајца, 200/230мл јогурт, рамно лажиче сол, околу 100мл масло се мешаат. На страна мешаш околу 200-250гр брашно со половина пециво. И тоа мешаш. Јас измешав пченкарно со интегрално брашно. Во мократа смеса ставив блитва претходно варена и околу 100 гр сирење. И измешав со сувата смеса, да не е многу течно, растресито да е. Мојава рерна ми ги пече на 200° околу 15 мин им е таман.
@Sexybaby86 еве го рецептот. Свеки ме имаше ставено во некоја домаќинска група и таму сите го направија. Па да не сум кусо и јас. Ептен се вкусни. Полни по желба со што сакаш.
Повели. За питата https://moirecepti.mk/post/солена-торта-со-праз-и-пржена-сланина Само сол да ставиш во тестото обавезно, мојава не е солена иако ставив сирење. За мафините Се надевам се чита.
Марчи од око ја правев. Едно јајце, пола чаша кафеав шеќер, еден прашок за печиво, две лажици какао, околу пола чаша (можеби малку повеќе од пола) јогурт (или кисело млеко со вода), пола паковка кокос и интегрално брашно по потреба (пола чаша, макс една чаша). Смесата да не е премногу густа. Се пече на хартија, 10-15 минути на 250. Не треба многу печење бидејќи е ниски колачот. Ќе го провериш кога ќе почне да нараснува. Какао, путер и шеќер кафеав на слаб оган за глазурата. Можеш и коцка-две чоколада да додадеш. Дури е топла глазурата ќе го премачкаш колачот за да упие.
Повелете рецепт за пинерлии 500 мл млеко 2 квасеца 1 лаж сол 9 лаж зејтин 1 кг брашно Се замесува , стасува 20 мин. Се дели тестото на 4 топки. Се расукува кора и се става парчиња маргарин или путер ( се "бодат" во тестото) и мастрафот по желба. моиве се само со урда, фини би биле и со урда и блитва и пица фил Се мотаат како ролат, се мачкаат со жолчка од јајце, се става сусам/ким што има тоа , идозгора пак ставаш парченца маргарин. Ги печев околу 20 мин на 180, со вентилатор.
Кифличките -1кг брашно,три лајчиња сол,едно шеќер,три јајца,јогурт еден од малецките во чашка,и квасец стандард зафатен да скисни(топла вода,лајче брашно,лајче шеќер.Се замесува тестото убаво,имам навика и да го ,,тепам,,што би се рекло,едно 40 пати го креваш и удираш од маса.Звучи шашаво но тепаното тесто поубаво ми е.Се остава да скисни.Се прават топчиња,се расукуваат и се става фил сирење и јајце и се витка кифлата,се оставаат да скиснат уште еднаш,се премачкуваат со јајце и сусам пред печење.За питата-1кг брашно,500 мл топла вода,сол2,шеќер едно лајче,две лајци киселина.Се замесува убаво,сака подолго време месење,и секако повторно ,,тепање,,.Потоа се дели на два дела тестото,едниот дел да е малку поголем.Се сучи кора во форма на круг,па се сечат парчиња средината да остани цел круг,се мачка целото со маргарин или путер и се преклопуваат врз кругот парчината едно врз друго.Истото и со другото тесто.Ѓи ставам во пајнци и покривам со прозирна фолија и во фриз барем саат два,најчесто цела ноќ го оставам.Се сучи прво поголемата кора,се става во плех,фил по желба,сирење со јајце,сирење праз јајце итд.Се сучи помалата кора и се става врз филот,се затвора со витка страните,сусам и на печење.Ако нешто не објаснив како што треба,кажи