Јас вака правам сутлијаш Потребно: 1 литар вода 1 литар млеко 1 филџан за чај ориз 13 лажици шеќер 1 пудинг од ванила 1 ванилин шеќер 5 лажици шеќер Се става водата да зоврие ,се додава оризот .Откако ќе поврие оризот се става шеќерот па млекото и се вари едно пола саат .Пред крај се додава спремениот пудинг од ванила (посебно во некоја здела ја истураш кесичката со 5 лаж шеќер ,една ванила и малку вода ) и се остава да се повари уште 5-10 мин.и толку . Многу е вкусен вака приготвен
200мл јогурт се мешаат со 80мл масло, рамно лажиче сол, малку црвен пипер, 100гр семки од тиква и 100гр рендан кашкавал, се додава брашно од ѓутуре (не мерам, само гледам да е смесата податлива за кинење мали топчиња) и се замесува меко тестенце, лепливо ама масно. Вадев топчиња и ги редев во плех, ги стискав одозгора со тегличка за да бидат сплоснати и печев додека не заруменат, односно моите загореа најгорните
https://www.kolaci.biz/milka-torta.html Ова е тортата, само јас во корите ставив мелени ореви, во белиот фил лешници кршени, а во чоколадниот бадеми. И сите бели кори се премачкани со нутела, а црните со лино лада.
Може Правиш палачинки, јас од око ставам се.. брашно, пециво, масло, сол малку, вода и јајце Откако ќе ги направиш палачинките ги филуваш по избор. Моите беа со мелено месо, нешто како болоњезе сос. Запржив кромид, додадов ситно сецкана пиперка и ситно рендан морков и доматно пире од око, да не е многу ретко. Зачинив со тоа што ми се најде по дома, мислам имаше лук во прав, вегета, рузмарин.. На палачинката ставаш од филот, додаваш малку кашкавал, ги виткаш во ролнички и ги редиш во тава (одоздола под палачинките на тавата можеш да ставиш малку од филот, потечниот дел..убав вкус му дава кога ќе се запечат). Одозгора има павлака растворена со малку вода (а може и јајце) и кашкавал(јас и малку оригано, презла и пармезан ставив).. се печат додека кашкавалот не се потпече (околу 15-20мин) Филот може да ти е по желба, спанаќ и сирење на пример или нешто сосема трето..
Обично ја правам со кафени бисквити ,поубаво изгледа ама сега немав па со обични кои ги потопував во чоколадно млеко. А за филот варам 4 кесички пудинг од чоколадо во 1 литар млеко и шеќер по желба (јас имам ставено 4 лаж.). Кога е сварен пудингот додека е жешко ставам еден маргарин директно и од жешкиот фил тој ле со се растопи .Потоа една чоколада и рум . И си редиш и филуваш .На крај јас имам рендана чоколада ама можеш да ставиш и глазура само од чоколадо или од чоколадо и слатка павлака
Може Тостерки 5 јајца 16 лажици шеќер 250 мл. зејтин 1/2 литар млеко Прашок за пециво Брашно колку прима Подготовка: Јајцата и шеќерот се матат убаво со миксер и потоа се додаваат зејтинот, млекото, малку вода, прашокот за пециво и брашно колку прима. Добар апетит
Еве одма за погачките 1 шолја кисело млеко Пола шолја масло 1 ипол шолја брашно 2 јајца 1 лажиче пециво Сол Сирење, или што сакаш за фил, по вкус (сум ги правела и со кашкавал и шунка, одлични се секако) Магданос или оригано (моиве беа со сирење и магданос овојпат). Сусам за одозгора (ако сакаш) Се меша се’ убаво во сад и со лажица се ставаат на обложена тава со хартија за печење. Јас ги печам на 200 степени додека не поруменат (околу 15-20 минути).