Тестото ми е пола од дозава, уствари мислам исти состојки ставаат сите што тегнат.. плус тоа јас помали топчиња си правам филот јајца и сирење.. Некогаш и пица фил ставам..
800гр.брашно ,1л сол,1л шеќер,1сув квасец ,250мл јогурт,1л мед,100мл масло .Мешаш со лажица и додаваш топла вода.Треба да биде лепливо тесто,а на крајот го домесуваш со рака.Го оставаш да кисне два пати. Потоа земаш тесто го развлекуваш и ставаш по желба.Јас ставив кашкавал,фета и сувомеснато. Печам на 250 степени со вентилатор 10 мин додека боја да фатат,но секое шпоре е различно да знаеш. Пиши ми нешто ако не ти е јасно.И сите состојки да бидат претходно на собна температура.
Чаша од 200 мл 3 чаши мешано ржано брашно 1 прашак за пециво 100гр сусам 100гр ленено семе 100 гр лупен сончоглед 1 мала лажичка хималајска сол 1 чаша пиво пола чаша малсинов зејтин Расукав на хартија за печење,исеков на правоаголници Печев на 190 степени околу 25-30 мин
Од вода само беровска чешмовача Ги правам по рецептот на Вал Дим најчесто но денес ставив плус мало филџанче млеко затоа што од утре ќе ме нема дома цела недела а млекото беше отворено Еве го рецептот Со тоа што кај мене беше пилешко месо затоа што ми остана од пред два дена и кашкавал што е обавезен кај нас инаку најчесто со свинско ги правам отстоено од вечер во фрижидер.. Некогаш ставаме пастрма ама сега јок овци јок пастрма ај следната година Мојов е алергичен на јајца така да не ставам.. Патем и на пилешкото си ставив сало..без него не ми е тоа тоа
Пилешкиот стек го исеков на тенки парчиња,го ставив да отстои во смеса од јогурт,лук во прав и сол неколку часа.После тоа земам парче ,ролам во мешавина од пченкарно брашно и оригано,па во јајце(изматено и посолено),па во мешавина од презла и сусам.Редам на хартија за печење и печам на 200степени додека не зарумени. Бон апетит
Па не мора слика . Обавезно кажи што како треба ,ако сакаш,ние многу сакаме пилешко а јас највеќе крилца