Премачкуваш секое крилце со смеса од лук во прав,маслинов зејтин и соја сос,па печеш на најјако додека не заруменат
Со големо задоцнување Француска салата 300 гр сецкана шунка 300 гр дробено сирење 2 свежи краставички 2 павлаки 100 гр сецкани ореви ПС Во рецептот има и 1 кесичка мајонез, но јас го избегнувам
Повели : За пандишпан : 10 белки се матат со 10 лаж.шеќер и се додава 1 рендана чоколада и 6 лаж.брашно .Смесата се истура во плех со хартија на која прво сме ставиле 200 гр.сецкани ореви и се пече .Кога ќе се испече се прелива со стопена чоколада. За филот : 10 жолчки се варат на пареа со 10 лаж.шеќер и 2 лаж.нишесте .Кога ќе биде готов филот ,додека е топол се става 1 чоколада и 200 гр.мелени ореви и се остава да се лади . Настрана се мати 1 маргарин со 5 лаж.хопла и потоа се соединува со филот . Испечената кора се сече на половина и едниот дел се премачкува со пола од филот па се редат мини кроасанчиња (потребни се 2 големи паковки), потоа се става остатокот од филот па на крај се става вториот дел од кората . На крајот на целата торта се става хопла .
Фалаа Многу е вкусна ама јас да ти кажам секогаш намалувам на шеќер ,никогаш не ставам како што пишува во рецептите и многу ми се полесни за јадење така сите торти .
Фала ти. Секако. Рецепт за чизкејк со шумско овошје. Потребно: 3 јајца 80 гр. шеќер 220 гр. бисквити 100 гр. растопен путер 250 гр. маскарпоне сирење 250 гр. несолена урда мармалад со црвено овошје (за премачкување) и овошје по желба за декорирање. Бисквитите се дробат ситно и се замесуваат со путерот, па се ставаат во тавчето кое е претходно премачкано со путер и плус одозгора покриено со хартија за печење и се распоредува рамномерно да се добие убав мазен слој како кора. Се става во фрижидер да отстои половина час. Во меѓувреме три жолчки се матат со 80 гр. шеќер, потоа се додаваат маскарпонето и урдата, па повторно се мати со миксер колку да се соедини смесата, па на сето тоа им се додаваат претходно изматените белки да се соединат (последново само со лажица). Сето ова се става врз слојот кој претходно бил во фрижидер, па се печат 10 мин. на 200 степени, и 30 мин. на 17 степени. Потребно е да не се отвара рерната за проверка дали е готово. Готово е кога ќе се добие златна боја одозгора. Се остава убаво да се излади. Се расклопува тавчето, да остане само долниот дел, па се премачкува со мармалад и се декорира со овошје по желба. За консумација потребно е да се почека барем 5-6 часа. Напомена: Тавчето е на расклопување (оние на кои им се вади страничниот дел) и одговара на бр. 24.
Стопено чоколадо на кората се става да е изладена кората или одма по печење? И, лажици хопла во филот, хопла изматена цврста или течна?
Да ,кората да биде изладена па ставаш чоколадо и чекаш и тоа да се излади ,зацврсне и потоа ставаш фил. А во филот ставаш 5 лаж.течна неизматена хопла .
Лешник гнезда 200 мл вода 200 гр шеќер 100 гр путер 100 гр чоколада 150 гр лешници 300 гр бисквити Еурокрем Водата, шеќерот, путерот и чоколадата се провриваат. Се додаваат мелените бисквити и лешници. Се формираат топчиња на кои што им се прави мало вдлабнување. Се валкаат во сецкани лешници и со шприц се полнат со бел еурокрем.