@TutiFuti еве го рецептот. Не сум допишала за постапката, сега сфатив Во млекото се топи шеќерот, па се додава маргаринот и тој да се стопи, па на крај и чоколадата (јас скратив и на шеќер и на маргарин). Откако ќе се истопат, ги додаваш кикириките (сецкани, несолени) и мелените бисквити и мешаш се’ да се соедини. Ја префрлаш смесата во сад, ја натапкуваш убаво и во фрижидер да се стегне едно 45 мин. Инаку, може и путер да користиш место маргарин. За глазурата, го топиш маргаринот заедно со чоколадото на пареа и истураш врз изладениот колач. Посипуваш малку мелени кикирики одозгора додека не е уште стврднато чоколадото и убаво го протресуваш садот да се распореди еднакво. Пак во фрижидер на ладење, да се стегне убаво. Толку Брз и вкусен е
Се продаваат замрзнати во продавница, треба само да ги испечиш. Од Цермат се. Се печат на загреана рерна на 200 степени околу 20тина минути (а се ставаат директно замрзнати).
Такозван попарник во овој крај.. или што вика овој мојов - тесто со нешто Пола квасец, 1лаж шеќер, 100мл млака вода и 1лажица брашно ги ставаш во еден сад за да се активира квасецот.. После додаваш 100мл кисело млеко или јогурт, 200 мл вода, 1 лаж.сол, 30-40 мл зејтин (отприлика), едно цело јајце и една белка и брашно од око, околу пола кило оди.. Замесуваш и оставаш да стаса. Откако ќе стаса си делиш топчиња и ги расукуваш во форма на јајце (значи не круг туку такви долгнавести) и правиш неколу засеци со ножот на врвот на тестото како на кифлите што им правиме и ставаш фил по желба.. овој беше праз и јајце ама најчесто кај нас е пица фил или сирење или што имаш по дома да исчистиш ги моташ како кифли и ги сечеш на пола. Ги редиш во претходно намрсена тава (најдобро со маргарин да ја поминеш а не со масло) со врвовите накај внатре а широкиот дел нанадвор. Во средина ставаш малку тестенце во форма на круг и додаваш што ќе ти остане од филот.. Премачкуваш со жолчката што ти останува, ставаш сусам и печеш додека не се испече.. Кога ќе го извадиш убаво е да намокриш една чиста крпа и да го покриеш со неа некоја минута.. ептен меко и убаво станува тестото. Што не е јасно, ќе објаснам
Супер јасно е, ти благодарам Само уште да прашам на колку топчиња го делиш тестото? Претпоставувам поголеми "кифли" треба да испаднат
Мислам дека на 8 беше за кифлите и едно мало топче за средина. Мене секогаш ми останува тесто, колку за една средна тенка пица, затоа што толкаво ми е тавчето па следниот ден пица за појадок (под присила).. ќе си видиш во зависност од тавчето колкави ќе треба да ти се кифлите..кифлите треба да се поголеми од овие стандардните, јас околу 16-20цм веројатно ги правам отприлика .. Рачунај ако една половина кифла е 9-10цм од едната страна и 9-10 од другата.. и во средина кругчето е некои 13-15цм..толку отприлика излегува.. Кои математики ги свртев за еден попарник Убаво е и пред да го ставиш да се пече да го оставиш пола саат да нарасне..ако имаш време
https://moirecepti.mk/post/емби Еве го.. само што тој последниот дел со глазирање го скокнав и ги расплеснав во тавче И мене ми отидоа 300грама топчиња.. моите беа од овие
Кој има време и нерви да ги прави како шишарки па после уште да чека за да ги чоколадира па да чека пак да се стегнат...ехее
Тие се Не ги менувам и не експериментирам веќе со други, ептен се брзи. Си дојдов од работа и за 45 мин беа готови Овие се со виршли и сенф инаку, по желба на мм. Му се јадело хотдог за вечера, па му направив своја верзија