Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    8.718
    Пол:
    Женски
    Ќе може да ми ги пишеш мерките зош слабо италјанскиот :$ :tmi: :)
     
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Повели мила :).

    Потребно:
    150мл. млеко
    200гр. бело чоколадо
    50гр. путер
    7 лаж. шеќер
    250 гр. мелени бисквити
    100 гр. печени и сецкани лешници

    Млекото, чоколадото, путерот и шеќерот се ставаат на тивок оган да се стопи се, но не и да врие. Потоа малку се оладува и се ставаат мелените бисквити. Се меша со лажица, зашто е прилично течно и се остава да се стврдне. Потоа се оформуваат бомбици или други форми.
    Исто може да се употреби како полнеж за во силиконски калапи. Глазура по желба.

    Моите беа експериментални мечиња. Направени од самите бомбици и малку декорирани со фондан.
    Picture 2315a.jpg
     
    На mal.ecka, teaiva, ♡BuBaLe♡ и 7 други им се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    33.341
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam Ако сакаш за последното во Фемина Инстаграм рецепт. :angel:
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски

    Со задоволство :)
    Господ здравје да и’ даде на женичката што ја имаше постирано рецептава, конечно се најадов. http://www.liveinternet.ru/users/5536672/post348808729/

    Мојава е малку модифицирана. Ја пишувам целата мера, од ова излегуваат некаде 12 палачинки. Јас обично правам пола мера, зашто многу заситуваат. Еве:

    200 мл млеко (јас најчесто користам млеко од соја за да намалам на лактоза, значи може и така)
    4 јајца
    200 гр брашно од хељда
    3 супени лажици шеќер (јас обично ставам јаворов сируп наместо шеќер, мерката е 2 супени лажици)
    малку сол (низ прсти)
    1.5 лажичка пециво
    1 банана
    масло за подмачкување.

    Се делат белките од жолчките. Жолчките се мешаат со млекото (со маталка). Ако заменуваш шеќер со јаворов сируп, стави го тука.
    Одделно се меша бrашното со шеќер, сол, пециво.
    Белката одделно се мати во цврст снег.
    Бананата се сече на кругови.

    Се соединува смесата од брашното со белката, се додава и млекото со жолчки. Не мати со миксер, туку нежно со вилушка. Овде треба многу нежно да ја соединиш смесата, ако мешаш премногу нема да испаднат воздушни.

    Тавата загреј ја со малку масло (размачкај само неколку капки со салфетка). Се става тесто во тавата и одозгора лесно ставаш неколку парчиња банана. Чекај добро да се испече одоздола пред да ја завртиш. Потребно е околу 2-3 минути од секоја страна.

    Готовите палачинки не ги ставај во стаклен сад или обична чинија затоа што ќе се "повратат" (ова ми се случува и со лепчето од хељда, не знам зошто). Најдобро на дрвена штица. Налиј малку јаворов сируп или мед, и превкусни се. :)

    На линкот горе има слики, добро е објасната процедурата.

    Инаку, истиве може наместо со банана да ги правиш во солена варијанта со биено сирење. И така се убави, само стави помалку шеќер. :)
     
    На teaiva, Mama25, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    И јас не ја сакам хоплата, па затоа користам обични шлаг пени. Еве ја ископирав целата рецепта

    Павлова е многу лесен за подготовка десерт, ептен погоден за летен период
    Потребно е 5 белки, 250 г шеќер, 2 шлаг пени, овошје по желба.

    За долниот дел, односно кората убаво се матат 5 белки со 250 г шеќер. Ќе најдете рецепти според кои во матењето се додава 1 лажица оцет, некои додаваат малку густин. Јас не ставам ништо од тоа само малку сол на врвот од ножот. Битно е да се добие многу цврст шам (кога ќе се сврти садот наопаку да стои цврсто).

    Понатаму на плех обложен со хартија за печење се црта круг со дијаметар околу 25 центиметри, се нанесува белката и убаво се обликува според кругот.

    Рерната ја загревам на околу 180 степени и ја оставам белката на оваа температура 2-3 минути, а потоа намалувам на 120. На оваа температура се суши околу 1 час. Во зависност од рерната, оваа температура на сушење може да варира од 100-130 степени. Доволно е исушена кога ќе потемни малку (како на сликата) и ќе почне да напукнува што не е страшно. Потоа во изгасната и отворена рерна ја оставам да се олади. Внимателно треба да се пренесе во соодветен тањир за торта. (долго мечтаам по оние со постоље, но никако да купам).

    Убаво оладена се филува. И во однос на ова можни се секакви варијации - слатка павлака, шлаг креми од ванила. Јас ставам 2-3 изматени шлаг пени.

    Одозгора се украсува со овошје- јагоди најчесто, а изминатиов период јас ја правев со малини и боровинки.
     
    На Mama25, do-re-mi, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  6. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Devojcinja, zenicki i ....
    Ke ni pomognete ako so receptata prikacite i slika.:clap: Polesno ke ni bide da go prepozaeme baraniot recept.(highfive)
    Ima i takvi kako mene koj trgnale pita da napravat , a im izleglo sladoled.:rofl:
     
    На teaiva, ♡BuBaLe♡, blackstyle и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако не ви е мака, ставајте ја и сликата, не само рецептот. Поефикасно е и полесно.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Повели :)

    Тестото за пандишпанот е исто како од овој рецепт рецепт http://forum.femina.mk/threads/Рецепти-од-Фемина-Инстаграм.23163/page-2#post-2312006

    со тоа што се прави пола мера и се става помалку јаворов сируп (или шеќер). Се пече во рерна околу 15-17 минути (на 150 степени). Провери дали е испечен со чепкалка :)
    Мајка ми печела во правоаголна тепсија бр. 32.

    Фил:
    125 гр. путер се мати со миксер. Се додава сол по вкус.
    Се додава 1/2 кг. сува изварка лажица по лажица, со постојано матење.
    Во кремот се додаваат сецкани кисели краставички (може и салама, кашкавал, оревчиња, по желба).

    Пандишпанот се сече на пола. Се филува со кремот (измеѓу се става тенко сечен кашкавал. Декорацијата е со кашкавал, краставички, морковчиња...

    [​IMG]

    Од истово може да се направат многу благи варијанти, тоа е планот за наредниве денови :)
     
    На Mama25, Marossa, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    @koritsaki Cinnamon Buns

    Состојки:
    100 гр. маргарин
    500 мл. млеко
    1 квасец
    1 лајче сол
    200 гр. шеќер
    1 лајче кардемума
    брашно

    Фил:
    100 гр. маргарин
    100 гр. шеќер
    2 лајчина канела

    1 јајце за премачкување
    Pearl Sugar (незнам кај нас дали има и како се вика) за одозгора или ливчиња бадеми

    Се топи маргаринот и се загрева малце млекото и се мешаат заедно ( да бидат млаки), Квасецот се рони во садот каде што ќе се меси тестото и му се додава течноста т.е маргаринот и млекото, па се додава солта, шеќерот и кардемумата и се додава брашно колку што треба за да се замеси тестото на меко. Во рецептот пишеше 650 гр. брашно ама тоа е малку, па ќе си додаваш се додека убаво не се замеси тестото, значи и да лепи малце нема гајле, битно е да е на меко. Потоа го оставаш да стаса, околу 40 минути некаде.
    Од како ќе стаса си го правиш филот, се топи маргаринот и кога ќе го тргниш од оган му го додаваш шеќерот и канелата, 2 лајчина мене ми се малце па му ставам повеќе.
    Потоа го делиш тестото на 2-3 дела зависи колку е стасано, и од секој дел сукаш правоаголна кора и ја премачкуваш со филот, ја виткаш како ролат, и сечиш парчина во дебелина од околу 1 и пол сантиметар, и ги ставаш на хартија за печење или во корпиња може и повторно да киснат околу 30 мин.
    Од како ќе стасаат ги премачкуваш со јајце и му ставаш Pearl Sugar и ги ставаш да се печат (на 250 степени околу 5-10 мин), доколку неможеш да најдеш таков шеќер одкако ќе се испечат можеш да му ставиш шеќер во прав. Јас ги оставам покриени со крпа или нешто додека малку се оладат и потоа во најлончиња ги собирам за да останат меки,или си ги замрзнувам и потоа во микрото си ги топлам и како тогаш праени се. Се надевам ќе ти се допаднат. Поздрав :)
     
    На Kaylie, Catherayn, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Рецепт ако може :inlove:
     
    На Natali.3, sadgirl21, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски
    @bubic.k

    Лава мафини

    100 гр темно чоколадо , 100 гр путер, 100 гр шеќер во прав , 50гр брашно , 3 јајца. Темното чоколадо и путерот се топат на пареа ,потоа се додава шеќерот. Малку се лади смесата па се додаваат разматените јајца со рендана кора од портокал или лимон , јас освен тоа ставив и малку рум. Се подмачкуваат калапчињата со масло и се става смесата внатре и се пече околу 8 минути на 200 степени зависи од рерната
     
    На hermosa, lovemme, SwanMay и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    @zalosna рецептче за овие прекрасни пирошки :clap: :clap: :clap:!!! Многу убаво изгледаат, а сигурно се и превкусни!!! 2015-02-08 22.35.14.jpg
     
  15. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски

    od tuka gledav i jas srcko:)
     
    На marchi-cool, Mama25, Val-Dim и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    @Dgirlll, може ли рецепт за тестото од пицата? Ептен професионално ти изгледа. И како ја печеше - на која температура, дали само со долен грејач, или со два?

    Фала. :)
     
  17. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam

    Рецептот е најобичен, брашно, квасец, сол, масло, вода. Само кога ќе го месиш оставиго да надојди малце, па потоа во обичен фрижидер ставиго да постои околу 15-20 мин. Печено е во обична релна со два греачи на почетокот на максимум па при крајот малце ја намаливме.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Бидејќи инсистиравте за рецепт :rofl: еве да го напишам, т.е да ви дадам линк за Munchmallow торта
    http://www.coolinarika.com/recept/923069/
    Инаку Ušpinovati шеќер со вода значи да се зоврие шербет, да дојде до некоја жолто- златна боја.
     
    На teaiva, Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    @Kukla994 повели:
    500гр бајат леб
    2 јајца
    100мл зејтин
    млеко по потреба
    100гр димена шунка
    100гр кисели краставички
    200гр сирење
    1 лажичка ким
    За похување:
    малку брашно
    презла
    едно јајце или колку ќе ви биде потребно (мене ми требаа две)
    сол, вегета, бибер
    За тартар сос:
    неколку кисели краставички (по желба колку сакате да направите количински)
    мајонез
    павлака
    неколку капки лимон
    Најпрво лебот се цепка на ситни парченца, а потоа постепено се додава млеко додека да се замеси како смеса. Внимавајте да не биде премногу тешно, целта е само да се навлажни лебчето за да може да се формира убава смеса. Потоа се додава јајцето, зејтинот па останатите продукти и се меси убаво со рака додека не се добие убава хомогена смеса. Од смесата се формираат пирошките па се валкаат во брашно, па во изматеното јајце па во презла и се редат во тава обложена со хартија за печење.
    Се пече околу половина час (или додека не добијат убава златеста боја како на сликата) на 200 степени.
    Добар аптетит, превкусни се!
     
    На teaiva, Giovanna, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.336
    @Serafima лиги ми потекоа од бурекот со печурки. :clap: Месен е или со кори? Ќе може рецепт?
     
    На Mama25, Viktorijaaa5, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.