1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @simoncelicius, Poveli
    1 литар млеко 3,2% масленост
    400 гр шеќер
    Млекото и шеќерот се зовриваат и откако ќе се оладат се смрзнуваат. Јас го направив тоа навечер и го оставив да се смрзне преку ноќ...
    150 гр. шлаг пена (земав две пакувања од КАМ 4 х 40гр)
    300 гр ладно млеко
    4 ванили
    Се мати шлагот со ванилите. Кога ќе се добие цврста пена се додава смрзнатото млеко, лажица по лажица (иако е смрзнато лесно се вади со лажица). Се мати цело време... Потоа можете да си „играте“ со вкусовите!!! Јас во дел ставив 2 пасирани банани, во дел додадов 2 лажици капучино, а дел го оставив ванила!!! Наполнив скоро до горе 3 кутии од по 2 литра... И правец во замрзнувач...
    Направив и чоколаден прелив
    20 лажици млеко
    8 лажици шеќер
    3 лашици какао
    4 лажици зејтин
    Се зоврива и кога ќе се згусти и олади се прелива сервираниот во чашки сладолед...
    Можете од истиов прелив да додадете во основниот сладолед (ванила) и ќе добиете сладолед со вкус на чоколадо!!!
    Vaka e receptot na @Val-Dim, jas ja napraviv osnovata, znaci vanilata podeliv na tri dela, vo edniot staviv kakao, vo drugiot izblendirav praski i gi dodadov i vo tretiot izcediv limon.
     
    Последна измена: 5 септември 2015
    На Abrakadabra, Viktorijaaa5, Val-Dim и 2 други им се допаѓа ова.
  2. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.948
    Пол:
    Женски
    извини што каснам со одговоров, па баба ми вика дека селско месо било др име јас си го знам како пашина тава, бидејки има 3 вида на месо како што сакал пашата па дошло до името пашина тава :D :D
    секако дека може рецепт

    300 гр. мелено месо ( правени топчиња)
    300 гр. пилешки стек
    300 гр. чадено свинско месо
    300 гр. свежи печурки шампињони
    1/2 кг исецкан кромид
    100 мл. бело вино
    100 мл. вода
    зачини
    1 лажица сол
    1 лажица мешан сув зеленчук
    по желба црн пипер
    по желба триена сол
    250 гр рендан кашкавал и 3-4 суви пиперки

    Начин на подготовка:
    Месото се сече на парчиња со големина по желба и се пропржува во тава на врел зејтин или маст.
    Откако убаво ќе зарумени се трга на страна и во истата мрснотија се пржи кромидот, печурките и сувите пиперки.
    Се зачинува по вкус зависи од тоа колку е солено дименото месо. Се истура во земјена тава целата содржина и испрженото месо. Се налева вино и вода и се затвора со алуминиумска фолија или соодветен капак.
    Тавата се пече во рерна на 180 и 200 степени подолго време околу 3 часа.
    Пред крај кога поголемиот дел од течноста е испарен и месото е меко се ренда кашкавалот и се става пак во рерната да се запече додека не добие убава златно-жолта боја.
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Ee kako takvo go znam,kako selsko meso,no go pravam so mali izmini,no sigurno i vaka ke probam,so kaskaval nemam praveno..ti blagodaram:inlove:
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    @oblace1 може ли рецепт за амерички палачинки? :)
    Баш убаво ти излегле.
     
    На kjukli и t-sweet им се допаѓа ова.
  5. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.948
    Пол:
    Женски
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    34.451
    Пол:
    Женски
    @elisabeta може ли рецепт?
    Ме настрви со питава, ептен вкусно изгледа :inlove:
     
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Јас ја направив по рецепт од една феминака на темата Пита блага солена ,рецептот е овој
    тесто:
    250 gr (1 чајна шољa) брашно
    1 мала лажица сода бикарбона
    175 gr маргарин, на собна температура
    малку цимет ( на врвот на лажичката)
    3-5 лажици вода
    1-2 лажици шеќер (или по желба)

    фил:
    300-500 gr сливи
    3-5 лажици шеќер

    Прво се мешаат брашното и содата и шеќерот,потоа се додава маргаринот и се меша прво со вилушка па со раце и на крај се додава водата и се меси додека не се поврзи се во една смеса.Тестото се остава во фрижидер околу пола саат. За тоа време можи да се исчистат сливите од семките и се наросува шеќерот на нив и се оставаат за тој пола сат додека е тестото во фрижидер да отстојат (барем мене така ми омекнаа и попримија малку од шеќерот) Потоа кога ќе се извади тестото, 2/3 од него се растегнуваат и се става на дното и страните на округло тавче или тенџерче,помалечко,па се става филот, па останатото тесто одозгора над овошјето. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 40 минути.Само наместо сливи јас и ставив вишни и малини,со што сакаш само тетстото да ти се погоди,мене многу убаво ми излезе и вкусно .
     
    На Abrakadabra и IronLady им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @Umbrella22 Рецептот за тортата е измишљотина :D Пандишпанот е од munchmallow торта-
    http://www.coolinarika.com/recept/923069/
    Чоколадниот фил е 250 мл хопла загреана на огин и внатре ќе ставиш црно чоколадо за готвење да се растопи- 200 грама, плус додадов рендана банана на ситно да го ублажи горкиот вкус на чоколадото, и чекаш да се излади (малку да стврдне).
    Другиот фил ми е стандард 3 пудинзи во 1 литро млеко, кога ќе излади матиш путер претходно изматен со шеќер во прав (1 маргарин со не знам колку грама шеќер во прав оти јас ставам од око). Изматив и две шлаг пени и ги помешав со овој фил. Го поделив филот на два дела, во едниот ставив мелени бисквити, во другиот растопено бело чоколадо. Можеш да ставиш што сакаш, а можеш и ништо, и така е убав филот. На крај малку шлаг и декорираш како сакаш.
     
    На Mama25, joy1 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    61.354
    Варени ѓевречиња

    Види го прикачениот фајл 219411
    Секако дека може... Тестото е едноставно, но начинот на изработка бара малку повеќе време...
    Тесто
    1 кг брашно
    1 квасец
    100 мл зејтин
    2 лажички шеќер
    2 лажички сол
    Млака вода (околу 500-600 мл - зависи од видот на брашното)
    Од сите состојки се замесува средно тврдо тесто, се прават мали топчиња и се оставаат кратко да нараснат. За тоа време се карамелизира шеќер (нема одредена количина - треба дното на тенчерето убаво да биде покриено со шеќер) , се додава 1,5 литри вода. Се чека да зоврие...
    Од топчињата тесто се обликуваат ѓевречиња... Топчето се притиска мегу дланките, да се расплеска, во средина се прави дупче и се обликува ѓеврече (многу е едноставно)!!!
    Обликуваните ѓевречиња се пуштаат едно по едно во зовриената карамелизирана вода. Се пуштаат 2-3 ѓевречиња, но се внимава да не се допираат едно со друго во тенџерето!!! Ѓевречето прво паѓа на дното, па по кратко време „испливува“ на површината. Се остава да се повари 30-тина секунди и се вади со решеткаста лажица. Ѓевречињата се редат во подмачкан плех (со путер или маргарин) посипан со сусам. И одозгора се посупуваат пообемно со сусам... Се печат...
    Совет - за да Ви се „залепи“ сусамот подобро е откако ке го сварите и ставите во тавата за печење ѓевречето одма да го посипете со сусам. Тогаш е сеуште влажно и лепливо од шеќерот, па ќе се залепи повеќе сусам!!!
    Добар апетит!!!
     
    Последна измена: 13 септември 2015
    На toogood, Mama25, Abrakadabra и 3 други им се допаѓа ова.
  11. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Рецепт на тортата на @s1a1n1d1r1a1
     
  12. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.405
    Пол:
    Женски
    @Sky-butterfly извини што ти одговарам доста покасно, ама дури сега случајно видов, незнам зошто ми нема стигнато нотификација...
    Еве го рецептот, навистина ми излегоа супер и на око и на вкус :)

    180гр брашно
    2 јајца
    50гр растопен путер
    275мл млеко
    50гр шекер
    1 лажичка ванила
    многу малку сол
    3 лажички прашок за пециво

    Се матат првин јајцата и шекерот па се додава путерот, ванилата и млекото.Се матат малку и се додава брашното измешано со прашок за пециво и сол.
    Тоа е тоа многу едноставно.
    Е сега мене со 180гр брашно ми излезе некако многу ретка смесата за американски палачинки па јас од прилика додадов уште две три лажици додека не се згусна малку.Ке си видиш тоа па сама од прилика ке си додеш од око, ако има потреба.
    И ке ги пржиш на средна температура, никако на висока.
     
    На Eli23 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски

    250gr јогурт
    100gr масло
    1 шоља шеќер
    1 шоља брашно
    1/2 лајче сода бикарбона
    1 лајца какао.
    Се меша и се печи во подмачкано тавче.
    Е сега за горе слободно стави си што ти сака душата. Јас погоре ставив сецкани крем бананчиња и здробени бисквити па ги потурив со чоколадо.
    Оргиналниот рецепт на кексот е само топено чоколадо со 100gr маргарин и 5 лајци млеко.
    Ама мене ми е поинтересно да си приклавам и други работи да не е исто па исто. :lol::hug:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.948
    Пол:
    Женски
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Повели мила @elisabeta :).

    Кроасани

    Потребно: 1.5 кг. меко брашно, 5 мали лаж. сол, 2 м. лаж. шеќер, 1 м. лаж. прашок за пециво, 6 жолчки, 125 гр. (1/2 маргарин) стопен маргарин или путер, 1/2 филџан масло, 2 коцки свеж квасец (+ малку обична вода колку да се растоппат), 250гр. павлака, минерална газирана вода (доколку е потребно за замесување, во зависност од брашното колку прима вода).
    Додатно: Брашно (4 лажици) и 250гр. маргарин или путер+ 1/2 (преостанатиот од тој што се стави во замесувањето на тестото) и по желба, полнење (сирење, изварка... иако јас не ставам).

    Тестото се замесува, ама многу да биде меко и убаво и глатко изработено. Потоа се остава да нарасне и откако нарасне (без да се меси повторно) се дели на 4 парчиња. Секое парче ( значи без повторно месење, онакво какво што си е нарасното и со шуплини) се развлекува со оклагија и се премачкува со коцка маргарин (целиот маргарин се дели на 4 делови и секое едно парче маргарин прво се замесува со 1 лаж. брашно, па потоа се нанесува на развлеченото тесто) и се расекува на парчиња, па едно врз друго се ставаат (постапка за лиснато тесто). Така приготвеното тесто не се става во фрижидер, туку на обична собна температура, додека да се направат преостанатите 3 парчиња. По правило тестото треба да одмора во фрижидер, ама така е многу потешко потоа за расукување. На вас останува како сакате да направите.
    Потоа секое парче повторно се расукува со оклагија, се дели по желба (претежно овие на слика се поделени на 12 парчиња, мислам таа е големината на кроасаните која ќе ви излезе) и се оформуваат кроасаните.
    Се оставаат на собна температура да нараснат (најмалку околу 15-20 минути), се премачкуваат со белка и се печат (околу 20 минути на 200 степени) :).

    Picture633.jpg
     
    На vanigogo, biserka', barbiegirl.24 и 17 други им се допаѓа ова.
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    1 кг. брашно
    400 гр. сирење
    1 јајце
    250 гр. маргарин
    1 лажичка сол
    квасец
    100 мл вода
    Се меси тесто со сите наведени состојки. Квасецот се става во 100 мл. вода да надојде. Замесеното тесто се остава 30 мин да нарасне, а потоа се развлекува тенка кора и се витка како ролат. Се остава уште 10 минути. Потоа се суче и развлекува кора. Се сече со чаша. Се пече на 200 степени околу 30 минути.
    Се премачкува со разматено јајце и сусам пред печење.
    * Јас ставив малку повеќе вода, некако не ми се замесуваше со 100 мл.
    Позз :):):):):):)
     
    На Annath, Peppermint, Mrs.Bass и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @mimi**** Рецепт за суфле:
    2 лажици брашно
    3 лажици маргарин/ путер
    сол
    220 мл млеко
    3 јајца
    100 гр чоколадо
    ванилин шеќер
    Се соединуваат брашното и путерот со малку сол. Се варат на пареа со постепено додавање млеко додека да се згусне. Се трга од оган, се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и истопеното чоколадо. Се остава да се олади. Се одвојуваат жолчките од белките. Се матат белките. Пополека со мешање се додаваат жолчките на изладената смеса. Откако ќе се соединат се додаваат и белките. Се премачкуваат капачите и се пече околу 40-50 минути на 150°.
    Ѕиркај ги, не секоја рерна е иста. Мене ми беа готови за 35мин.
     
    На Annath и mimi**** им се допаѓа ова.
  19. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Fala:*
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Recept please :D obozavam lekja a ova mi deluva prevkusno
     
    На Ginger^ и irenna им се допаѓа ова.