4јајца,200гр.шеќер,400гр.брашно,200мл.млеко,200мл.масло,1пециво ,1ванила и кора од лимон. Се бијат јајцата ,шеќерот и ванилата ,и му се додаваат млекото и маслото помешани,млекото да ти биде топло,а на крај брашното и пецивотои рендаш кората од лимонот.Го мачкаш калапот убаво со масло и ја тураш смесата.Оставаш малку од смесата и во неа ставаш 2лајци какао мешаш и ја дотураш во калапот. Печиш на 200 степени 20 мин,а потоа на 170 степени уште 25мин.Но секое шпоре различно печи. На крај топиш две чоколада и го поливаш кугловот.
Може Повели : Потребно за тестото : 4 јајца 200гр.шеќер 150мл.зејтин 1пециво 1ванила 400гр.брашно За филот: 1кг.јаболки 200гр.шеќер 3лаж.зејтин 3лаж.гриз 1мало лаж.цимет Прво се прави филот :јаболката се рендаат на крупната страна од рендето и се ставаат во тенџере да се пржат со шеќерот и зејтинот околу 20 мин ,потоа се додаваат гризот ј циметот и уште 5 мин. За тестото се матат јајцата со шеќерот и ванилата и потоа се додаваат и другите состојки и се меша со лажица . Пола од смесата се става во плех да се пече едно 10 мин на 200 степени па се вади .Се става филот и остатокот од тестото одозгора и се враќа да се допече уште едно 10 мин зависи нели од рерната . На крај се посипува шеќер во прав.
Состојки отприлика за 1-2 особи : -200 гр јуфки (било какви тестенини) -сончогледово масло -малку путер -2 кафени лаж. чили -2 каф.лажички оригано -500 гр. свежи печурки -сол -1/2 свеж патлиџан -4,5 маслинки -кечап или томатело (кој што има) -2 чешниња лук -шака,2 магдонос - 2 ливчиња тост кашкавал ,,Happy cow” од гауда Подготовка: 1.Ги ставив јуфките да се варат. 2.Во меѓувреме на 7ца ставив зејтин да се згрее и во паралелно 2те чешниња лук ги исечкав со магдоносот.На веќе загреан зејтин додадов кафена лажичка несолен путер за шмек и ги додадов лукот и магдоносот.Го намалив на 6ка и додека се пропржуваа додадов 2 каф. Лажички чили и 2 оригано и сол. Додека се пропжуваа исечкав на покрупни парчиња една половина свеж домат и додадов некои 4,5 исечкани маслинки. 3.Од водата кај што се вареа тестенините ставив во тавчето кај што се пржеа другиве работи и ставив не повеќе од 150мл. (Доколку имате Томатело, место вода може да ставите Томатело во зеленчуците за да има колку/толку течност.Мене водата ми беше алтернатива). 4.Додека ова се куваше на шпоретот, ги исцедив јуфките, ги вратив во тенџерето и им ги додадов ливчињата кашкавал ситно исечкани за полесно да се стопат и пола супена лажица путер.На 3ка го ставив за да се стопи сѐ, и ја додадов смесата од тавчето. На крај соединив сѐ и убаво мешав. -не ги спомнав печурките бидејќи беа онапред испржени од страна на мајка ми нив ги додадов на крај во тенџерето кога сѐ промешав. На самиот крај кога ставив од тестенините во тањир, ставив и кечап. **п.с состојкиве се во овие количини и во овој склоп чисто поради мој вкус.Може да додавате и одземате состојки колку сакате мислам дека пак ќе е вкусно. Чилито и лукчето го дадоа најубавиот шмек на јадењето. Кој ќе проба и ќе му се допадне,нека пише.Бон апетит
да за отприлика 10 ќофтиња, потребни се 1 јајце, 1 тиквица, 1 компир и 1 батат, зависи од големината секако. Сите зеленчуци се рендаат и се мешаат со зачини по желба и матено јајце и малку презла. Се формираат ќофтиња и се цедат со прстите од водата што ќе ја испуштат. На намастен плех се печат од 20-30 минути на 180 степени.
Второво е зелник. Ко секој зелник што се прави, само што тетка ми проба плетен зелник да направи не на стандардни пити. Се е исто, на средината е сирење со праз и одозгора спанаќ и коприва и поросено наоколу со тоа црното семе што го ставаат на кифли.
Јас се извинувам поради доцнењето. Мило ми е што ти се допаѓаат! Инаку, колачиве всушност се многу прости и едноставни, сите бар еднаш имаме направено вакви. Буквално бисквити и пудинг. Повеќе се убави на декоративната страна, бидејќи само за тоа ме бидува.
Пиварки се. 160мл пиво, 160мл зејтин, 1 пециво, 100гр гриз, околу 500гр брашно. Шербет: 500мл вода, 600гр шеќер, две ванили. Колачињата се попаруваат со врелиот шербет додека се топли. Фил: оригиналниот рецечт е со суви смокви, суви урми и суво грозје потопени во рум и вода да отстојат 2 часа. Потоа се сечкаат и се мешаат со 2л мармелад од сливи. Јас овојпат ставив само суво грозје, а дел ги направив со јатки орев. Се валкаат во кокос. Ако ги правиш со ореви валкај ги во мелени ореви, поубави се.
Мислев со пандишпан некој се Фала ти По овој рецепт имаш и видео.. https://domacirecepti.net/somuni-za-pljeskavice/ Обично тесто си е, само пази да не ти прекисне..некако позатестени, потврди стануваат. Тогаш нема да се воздушести Ова тек сега го гледам Не знам колку ќе ти заврши работа бидејќи нема мерки, се отприлика е.. Тиква околу кило ипол, ќе ја излупиш и ќе ја ставиш да се вари. Од оние долгите благи што се.. Ќе ја свариш, ќе ја извадиш од водата и ќе ја испасираш.. Во неа ќе додадеш 2 пакетчиња ванилин шеќер, околу 250мл млеко, 4-5 супени лажици масло, 3 јајца и шеќер во прав по потреба..ќе пробаш зависи колку благо сакаш да ти е т.е колку е блага тиквата.. мојата беше ептен блага, малку ставив. Можеш и обичен или друг шеќер ама некако овој најдобро ми се растопува, еднаш ставив кафен шеќер ама мислам го осеќав кога јадев психа И на крај околу 2-3 лажици брашно.. ќе видиш колку ти е густа смесата, треба да е како за пандишпан густа Ставаш во намрсен плех и печеш додека не порумени убаво од краевите.. јас не знам колку печев, на дрва го печев и не беше многу јак огинот На крај ја сечеш и ја оставаш да се подизлади бидејќи инаку тешко ќе ја извадиш од тавата меко е многу и може да ти се распадне...вади ја со тие рамните прибори А ако ти се распадне супер е ако ја надробиш така распадната во чаша, долу чиа пудинг горе од тиквата.. или долу од тиквата а горе шлаг/хопла или мал милион комбинации