Ај рецепт, ти мачи се Купувам вакви кесички од маркет Го ставам тоа од кесичката во ѓезве и додаваш 125-150 мл млеко. Мешаш, и ставаш на оган. Ако го сакаш по ретко додаваш уште млеко и неколку минути го оставаш, ако сакаш погусто како мене го оставаш малку подолго и мешаш. Ќе видиш кога ти е убаво го вадиш
Шпагети со морски .. иначе во ресторант јадевме мила .. ама имаше внатре мали школки ( гамбери нз на мк како се викаат овие хаха ) и октопод . Се надевам помогнав
Таа тема е за тоа што ти си зготвила, има тема поинаков фемина инстаграм за ресторански слики. Можам да ги префрлам во таа тема ако сакаш, ама ќе треба дс ми кажеш име на ресторан или локација некоја.. (такво е правилото во поинаков ФИ) Или па да ги избришам бидејќи не се во склоп со темата..
Оо ... извинете стварно незнав може префрлете ги на другата тема ( име на ресторанот Villa Ester - Porto San Giorgio во италија ) поз
Не правам скоро ништо по мерка, секогаш ставам од око. Во мало тенџерче ставам вода до пола и ставам 2-3 лажици палента. Ја оставам 2-3 минути на оган и тоа е тоа. Инаку од кам ја купив палентата.
Корите се од Лидл, а филот е 4 јаболки рендани, исцедени, 3 лажици цимет, се тоа се меша и редиш на кора, како сакаш.
Оооо Јас секогаш различно ја правам. Ама секогаш рибата ја потпекувам во фолија, малку. После го вадам мевцето од неа и го замрзнувам во ќесички. И кога правам чорба , вака иде: Во блендер ставам морков кромид лук пашканат и целер корен. Таа смеса ја запржувам на путер колку водичката да излезе. Ги ставам мевцата од рибата. Дробам на ситно уште малку морков и пашканат и налевам вода. Крчка еден час. При крајот додавам една инстант крем супа од брокула во која ставам пола лајче мумурузно брашно. Доварувам. Зачини по желба. Обично еден готов што има ( за риба). Од риба секогаш користам крап и црвеноперка. Чат пат и сомче клавам. И многуууу магданос