Состојки: - 180 грама брашно - 1 кафено лажиче прашок за пециво - 1/2 кафено лажиче сол - 60 грама какао во прав - 200 грама шеќер (јас користев кафеав, но можи и бел) - 1 кафена лажичка инстант кафе во гранули - 250 мл вода - 80 мл растително масло - 1 јајце - 1 кафено лажиче оцет Подготовка: Во длабок сад преку голема цедалка ги додаваме брашното, прашокот за пециво, солта и какаото. Потоа го додаваме шеќерот и инстант кафето и се меша за сето да се соедини. Се додаваат водата, маслото, јајцето и оцетот. Се меша целата смеса додека убаво се соедини и нема грутки. Во калапче за 12 мафини се редат корпиња и се става од смесата. Се печи на загреана рерна од 180 степени 18-20 минути.
@oblace1 повели рецепт за штрудлата со јаболки: Едно пакување кори (500 гр) 1 кг јаболки (покисели) 4 лажици шеќер (јас кратам секогаш, па ставив 3) 1 пакетче ванилин шеќер 4 лажици презла (може и гриз) Цимет по вкус За попрскување на корите ти треба во едно чинивче една чашка зејтин (отприлика околу 150 мл) помешано со околу 100 мл минерална вода. Прво филот го спремам на следниов начин: јаболките се лупат и се рендаат на најкрупно, па се додава шеќерот, ванилиниот шеќер, презлата (или гризот) и циметот и се’ заедно се промешува. Потоа оди виткањето на корите: на работна површина редиш една кора, ја попрскуваш со смесата од масло и кисела вода, ставаш уште една кора врз неа, пак попрскуваш и редиш трета кора, а врз неа ставаш од филот со јаболки и ги виткаш трите кори заедно во ролат. Постапката се повторува се’ додека имаш фил, мене ми излегуваат околу 5 ролати обично. Ролатите свиткани ги редиш во подмачкан плех, ги премачкуваш со четка си масло одозгора (може и од смесата со к. вода ако ти остане), ги засекуваш на парченца со нож и ставаш да се пече во загреана рерна на 200 степени. Јас ја намалувам на 180 откако ќе ги ставам и се пече околу 30 мин (треба благо да порумени, но не да се препече). Кога ќе се испече, вадиш да се подолади, па посипуваш со прав шеќер Ептен е просто, целата работа е во рендањето на јаболките (јас мм го терам да ми ги ренда ). Некои ставаат во филот и мелени ореви или суво грозје, ама јас ја сакам штрудлата клот, со јаболка и многу цимет. И гриз или презла обавезно стави, зошто јаболките пуштаат вода, па тоа служи да ја упие
@Butterfly1107 за да ти испадне палентава таман ни многу течна, ни многу густа пробај со сооднос 1:4 палента и вода.
Фала на сите за рецептите . @Sexybaby86 Поедноставно мислам нема . Само што мене секогаш ми излегуваат суви корите и жилави не знам што утнувам, а твојата штрудла ми изгледа многу сочна и вкусна. И јас ја сакам само со јаболко и цимет, е и со вишни е убава многу .
@oblace1 повели рецепт Правиш фил од 5 јајца, 1 шолја минерална вода, 1 шолја јогурт, пола шолја масло и сирење рендано по вкус. Кори 500гр - може да ги филуваш секоја посебно или секоја да ја потопуваш во смесата. Редиш на намастен плех и печеш. Брзо, едноставно и вкусно
Или е до премачкувањето пред печење, или во печењето се пресушува. Јас на вентилатор ја печам обавезно, така останува најсочна (сум го забележала истото и кај пици, пити и теста кога правам)
Си го правам на мој начин вака: Во едно тавче ги ставам прво сецканите печурки со кромидот за да ја пуштат водата нели,после тоа додавам една супена лажица маслиново масло заедно со месото и го пржам и на крај ставам сос од домат,оригано и сол по вкус. За мерки појма немам да ти кажам затоа што од око си ставам се Ама ептен е убаво и пармезанот одозгора обавезно Малку лошо објаснувам ама се надевам дека ме сфати хахах
Да ти кажам искрено поима немаме. Ни ја дадоа од кај вас па не ни прашавме. Ништо посебно не и правам. Ја полнам со ситно сецкани: морков кромид лук пашканат целер и магданос. Ми остана зајре па го наросив и одозгора. Водичка и масло во тавата и покриена со фолија ја печам околу еден час. И уште 10-тина мин одкриена