@24.07 може ли рецепт за зелникот? Нема врска каков е филот, може и пица, а може и обичен (со праз, урда, итн). Одамна сакам да те прашам, многу профи ми изгледаат твоите зелници.
Го правам од око. Зафаќам тесто зависи од големината на плехот,дали сакам танок или подебел. Денеска го правев со кило брашно,две мали лајчиња сол,масло ставам два прсти од шишето,1/3 квасец (како што е коцката квасец ја сечам на три дела и само еден дел ставам).Квасецот го растворам во чаша со млака вода и ставам едно мало лајче шеќер.Го додавам во брашното и ставам вода 500- 600мл.Откако ќе го замесам тестото си правам мала дупка и ставам пак малку масло.Уште еднаш го месам и тестото го сечам на два дела Едното топче го земам сучам кора и ја мачкам со пола маргарин,ја засекувам на повеќе делови и ги преклопувам деловите,го оставам во фрижидер да се стегне малку,додека ја правам истата постапка со другата кора. Постапкава е истата од кросани.
За мафините со овесни снегулки Потребни состојки: 120 гр овесни снегулки 2 јајца 2 банани 2 лажички прашок за пециво 1 лажичка сол 1 лажичка цимет 4 дл бадемово млеко Начин на подготовка: Бананите згмечете ги и додадете ги во јајцата и бадемовото млеко. Смесата додадете ја во сувите состојки и измешајте. Потоа ставете ја во калапи за мафини и на врвот додадете овошје, црно чоколадо или јаткасти плодови. Печете 20 – 25 минути на 180°. ----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- За другите мафини Потребни состојки: 2 зрели банани 4 јајца Боровинки Начин на подготовка: Во еден сад испасирајте ги бананите со вилушка и додадете ги јајцата. Мешајте ја смесата додека не се соедини. Калапот за мафини премачкајте го со масло, во секое ставете по 2-3 боровинки и прелијте со смесата од банани и јајца. Ставете ги да се печат на 190° околу 12 минути. @papillonP Повелиии..
@prominent @Poppins @FancyGirl* Повелете рецепт за тортата Се декорира со овесни снегулки и киндер кантри чоколатчињата.
Хроно мешавина. Ја зедов од маркет, замрзната и се динста. Има печурки прокељ брокула пиперки и шо не ти не. Топ е.
Не, јас освен маслинов и хималајска сол нишо др не ставам.. Ова би одело добро и во динстано мевце при крај да го бапнеш..
Ти благодарам, а рецепт нема уствари не е правена по рецепт, тортата е од кутија и само се додава 3 јајца, млеко и масло Исто и шлагот е купечки
Се отепав од гледање домати ли се што се Прво ми се виде колач со јагоди Некоја баница е ова така? Дај рецепт
@Bubce38 Пола кило брашно Еден квасец сув 1 кафена лажича шеќер 3 каф. лаж. сол Малку масло Со топла вода се меси. Се чека тестото да стаса. Откако ке стаса се става во тепсија и се израмнува со рака. Одозгора се редат слаби парчиња домат и маслинки. Се чека уште еднаш да стаса ама не многу... Колку онака да одмори Се пече Откако ке се испече, се премачкува со маслото, рузмаринот.. и се враќа уште 1 минута во рерната. *Во меѓувреме додека тестото се чека да стаса, во половина филџан маслиново масло се става едно кафено лажиче рузмарин и едно лажиче лук во прав.