Спојлер https://sezahrana.mk/посни-рафаело-бомбици/ @Ketchup Рецептот е од Се за храна, само што ставив помалку лешници, не ми беше јасно тоа 50 што го пишува, бидејќи рецептот е постар Вкусни се и вака, ама искрено многу повкусни се кога се прават со млеко во прав....
Колачите се купечки ги има во сите маркети, само ги филував со пудинг од ванила можеш буквално со се да ги полниш со све одговараат, можеш и во кокос да ги валкаш
За првите? Матена белка со шеќер во прав и лимон е. Од око ставам шеќер во прав, густо да дојди и со миксер. И после го делам и му ставам прехранбена боја. @Saraahh видов и мислењето во другата тема штом стигнам дома ќе ти пишам.
Едитирав во претходното мислење не знам дали виде да си кажам. :') Ич не ми текна преѓе дека само еден вид благо шарав.
Мафини од тиква: 4 јајца 2 cups шеќер (Во cups мерам претежно и нарочно пишам така место шолја, зошто можи да проверите колку е во грама) 1 1/2 cup масло 1 3/4 cup пире од тиква (И да ставиш поќе/ помалку нема гајле) Овие се мешаат заедно. Башка се мешаат сувите состојки: 3 cups брашно 1 лајче цимет 2 лајчиња сода 2 лајчиња пециво Сувите состојки полека се тураат во течните со постепено мешање. Се печат на 190 степени, 20тина минути, зависи колку ги почниш, важно чечкалицата да излези чиста. Божиќни колачиња: Прво се мешаат сувите состојки: 350г брашно 20г шеќер 2 лајчиња ѓумбир 1 лајче цимет 1/2 лајче сода 1/2 лајче сол Вака го праев лани, годинава додадов уште лајче мускатно оревче и наронив неколку каранфилчиња, а изоставив ѓумбир оти немав. Ми смена вкус на позитивно и ќе се држам до промената. Путерот се остава да намекни и дел да се стопи. Се додава во сувите состојки и се меша (110г). 150г мед се додава после путерот и се меси тесто. Смесеното тесто се витка во алуминиумска фолија и се става во фрижидер 30 минути. После само му сукаш кора и вадиш форми и се печат 6-7 минути од прилика на 180степени. Фил за божиќни колачиња: Матам белка од јајце со миксер, додавам лимон околу лажица и додавам шеќер во прав, да се згусни колку шо ми треба. После то делам смесата и му ставам посебни бои и користам обично кујнско најлонче место шприц за украсвање.
800-1000гр стек се сече на помали парчиња или како мали шницли и се мачка убаво со сенф, се реди во огноотпорен сад, се ставаат печурки маринирани, потоа се тура масло, една шолја бело вино, прашак од една кесичка крем супа од печурки и се дополнува со вода. Се става да се пече, пред крајот на печењето се реди кашкавал и се враќа во рерна. Пред сервирање се става павлака
Ајде некоја домаќинка ако правела Туфакија, нека ми пише рецепт. Итно е, на интернет ги гледав рецептите ама нешто не ми се допаднаа.
Пола тиква печена и блендирана, да биде со структура на пире. Изматив прво 2 јајца, 8 лажици шеќер, 1 ванила, рака мелени ореви, малку млеко, и пирето. На страна измешав околу 200гр бело брашно со пола пециво, лажичка рамна цимет и малку мушкатно оревче и промешав и сѐ додадов во смесата со пирето. Печев додека не збуфнаа, 6 големи мафини. Тиква околу 200гр отприлика ми излезе (имав печена цела, пола искористив за во рецептов).