Фала ти. Базата ја направив од 300гр. мелени божиќни колачиња (Speculoos) и околу 125г. растопен путер. Смесата се меша, и се обликува базата, па во фрижидер да се стегне дур ја правам смесата. За смесата измиксирав 500мл. хопла дур не стана пенеста со ванилин шеќер, додадов смеса за флан Спојлер може да смениш со пудинг од ванила, па ја ставив на тивок оган неколку минутки. Го ставам преливот врз базата, и враќам малку да се стегне, околу пола саат, за да не пропаѓа шумското овошје. Украсуваш по желба, јас ставив овошје и прелив од јагоди: https://houseofyumm.com/homemade-strawberry-sauce/ - jас само го пасирам на крај, а можеш и купечки, и враќаш во фрижидер. Прелесно и превкусно.
Пола чоколада за готвење малку ја растопив и ставив 6 лајжици нутела и го тргнав да се олади. Тоа е тоа
Се надевам се чита @didi1982 Морам да кажам, многу тесто излегува. Од оваа количина ми излегоа околу 35 корички, што значи од седум кругови сечев кифли, по 8 парчиња, не по 16. Ги правев помали, оти толку ми е работната површина. Ама превкусни се и меки остануваат.
@Annath фала ти ептен, преубави! На здравје да ви се.. Ќе ги пробам обавезно. Правев едни посни ама, на сличен принцип, само маргаринот замрзнат го рендав меѓу корите. И една финта што скоро ја научив.. Откако ќе се испечени, се вадат и премачкуваат со четкичка со малку масло, па се враќаат на печење уште минута две. Убав сјај и вкус добиваат.
Рецептот ми е од око 3 јајца Шолја јогурт Пола шолја масло Сирење спанаќ и сол произволно Брашно исто по потреба,колку да се добие малку погуста смеса од за палачинки