Еве линк идеш по иста постапка како неа..ако случајно не тие јасно нешто пиши ми 300мл млеко млако 300мл вода млака 1/2 квасец 1 јајце 200 масло за јадење 5 мали лажици за кафе..шеќер 2 лажици сол Брашно додека стане смесата мека/...потоа треба да стаса бар 1ден час. Потоа: 1/2 чаши сусам И 4 мали лажици пекмез или мермалат мешаш со 1дна чаша вода Другото и на Видео ќе го погледнеш. @Sexybaby86
@Mari* 1кг брашно,1квасец,сол,малку шеќер,масло од око и се замесува со млака вода. Откако се измесува на меко се прави мало дупче се става пак масло и се расмесува тестото. Се остава да кине. Потоа се зема од тестото и се прават топчиња и откако ќе ги направиш го земаш првото топче и го расукуваш и го виткаш. На крај пак киснат и се печат Јас мачкав со јајце и сусам
Како уште никој не побарал рецепт за лепотава?! @didi1982 ако имаш време, кога имаш време, те молам сподели.
2 јајца 5 големи лажици шеќер 200 мл јогурт 100 мл зејтин 16 големи лажици брашно 1 пециво 1 ванила Ама јас го правам во апарат за крофни, тостер апарат ако знаеш за каков зборувам
Ти благодарам. Претпоставувам потечна е смесата за во апаратот, се прашувам дали би испаднале добро во калап за мафини бидејќи немам ваков апарат за крофни
https://moirecepti.mk/post/зелењак-солен-ролат-со-спанаќ Според ова го правев, само наместо спанаќ ставив блитва и не го виткав туку на кората го ставив филот и сечев како торта, а горе не го наросив како во рецептот.
Па не ги правев баш по рецепт, ставив мелена гранола (на Виталиа, со јаткасти плодови), 100тина грама мелени бисквити, 100тина грама сецкани ореви и лешници, една растопена чоколада со малку маргарин и сок од портокал, малку во фрижидер да отстои смесата, па правев бомбици. Наредниот ден ги полеав со растопена чоколада и сецкани лешници.