@do-re-mi Оо фала ти и извини те молам, дури сега гледам. Многу е вкусна тортава, и лесна за правење и за јадење. Рецептов вака ми го дадоа.Јас го модифицирав, ќе нагласам каде. Потребно е: 3 јајца, 100 g маргарин, 300 g шеќер во прав, 2 ќесички ванила, малку сол, 125 g брашно, 2 кафени лажички пециво, 75 mL млеко. Потоа, бадеми во листови (такви немав, па ги исецкав и потпеков малку), 600 g ананас од конзерва, 350 mL сок од ананас, 1 пакетче пудинг од ванила, 200 g слатка павлака. Се одделуваат белките од жолчките. 100 g маргарин пенесто се мати со 100 g шеќер во прав, малку сол (прстофат) и пакетче ванилин шеќер. Се додаваат жолчките една по една, брашното измешано со пециво и на крај млекото. Смесата се префрла во намрсено тавче со обрач, 26 cm. Белките се бијат со прстофат сол, додека да се добие шлаг, се додаваат 150 g шеќер и се бие додека не се растопи. Шлагот од белки се става во тавчето, над преходната смеса и се посипува со листови од бадеми. Моите како што пишав беа потпечени. Се пече на 150 степени, со циркулација на топлината околу 30 мин. Во принцип, откако ќе се испече и олади, треба да се подели на пола... Ама тестото беше тенко, па јас испеков нов пандишпан од почеток, само без шлагот од белки. Во принцип, од старт може да направиш дупла доза, па да ја поделиш (или помало тавче). Јас ја правев прв пат и затоа мораше вака. За следниот пат ќе знам. Крем: Ананасот од конзерва се сецка на коцки, се додава 300 mL сок од ананас, едно пакетче ванила и 50 g шеќер и се става да зоврие. Откако ќе зоврие, се вари настрана на тивок оган да 6-8 min. Во меѓувреме, пудингот се раствара со 50 mL сок од ананас и додава на смесата и меша додека да згусне. (За разлика од пандишпанот, кремот во една доза е сосема доволен). Целиот крем се става над првата кора, се премачкува со избиена слатка павлака и најгоре се става другата кора, со бадемите. Добар апетит!
Секако. Пред подготовката ја уклучив релната на најјако, кај мене е 300С. Во тавчето се става малку масло за јадење најдолу па редоследот нагоре е следен: 200гр фета сирење-убаво со вилушка гмечиш за да се покрие површината врз сирењето ситно сецкано сувомесно (јас правев едно со печеница,другото со чајна) ставаме 3-4 лажици доматно пире, врз него рендан кашкавал,па 4зденки, уште еднаш од доматноти пире и најгоре поголема количина рендан кашкавал. Се пече 15мин.
Кофтенца - 500гр мелено месо, 2 парчиња рендан кромид, 1 јајце, малку трошки леб, зачин, бибер и малку буковец. Се замесуваат сите состојки, се формираат мали кофтенца и се пржат на врел зејтин. Печурките се сецкаат и се проптжуваат на зејтин. Се додаваат испржените кофтенца, се налева со вода... Јас ја ставам и водата од теглата со печурките, дава посебен вкус. Се остава да проврие 20-тина минути и се згуснува со павлака за готвење. За поголема густина се додава и малку инстант пире. На крај се додава вегета и малку бибер по вкус. Брзо, вкусно и топло зимско оброче
Брзо лесно и вкусно. 300гр. Чоколадо се топи на пареа се додава една лажица масло. Откако убаво ќе се стопи се трга од оган и се додава 100 грама ореви мелени,100 грама лешници сецкани и 100 грама брусница сецкана(сето ова го сецкав во сецко).Се меша убаво и става во калапчиња.Стои во фриждер околу 15тина нинути.
Со брашното безглутенско на schar. Се меси тесто, се става 15тина мин во фрижидер, после се вадат форми и се пече на 180, време на отприлика печам. После се мачкаат со џем, мармалад што сакаш и се лепат. Ги затвараш во кутија и наредниот ден се помеки и поубави.. 160г путер е тоа, неубаво сум го напишала. И прво ставам 400г брашно и по потреба додавам за да не испадне ептен суво.. Ако сакаш и без глутен со обично брашно имам рецепт убав и за такви..
@tatjanasakalieva видов дека ме имаш пингано во фемина инстаграм. Тие корнетите се како како тие што се полнат еклерите. Ми ги порачаа од една жена. Ама мислам дека ги има во големите маркети. Внатре ги полнам со фил помешан од ванила пудинг и слатка павлака заедно помешано и малку маргарин и три лажици шеќер. Одозгора користам чоколадни мрвици или мрвици во боја.
Едно кисело млеко,300мл млако млеко,1сув квасец,1пециво,150мл зејтин,1лажица шеќер,1лажица сол и брашно по потреба.