Варена леќа, маслинки, рендан морков, пипшерка, магдонос, печени модри домати. Како сос направив домати со лукче во блендер . Од зачини , кари , куркума, каранфилче и ѓумбир . Ова не е некаков деликатес , со утврдена рецепта ама има магичен вкус.
Одев по оваа рецепта, но ние бидејќи немаме навика по дома да мериме речиси се ставав од око. Во рецептава не пишува сол, а и мислев дека ќе биде доволно солено од сирењето, но не беше па би ти препорачала малку сол да додадеш во тестото. http://moirecepti.mk/post/најбрзи-пирошки-со-сирење
Ставајте и слика (макар со мала големина) од рецептите што ги пишувате. Вака ќе ја отворам темата и ќе видам некој рецепт, а сум ги пропуштила тие слики во Фемина инстаграм и немам претстава за што точно се однесува (а можеби би ме привлекло и мене да го направам), или обратно, ќе видам некоја слика од Фемина инстаграм, а овде не можам да го најдам рецептот бидејќи во меѓувреме се напишале многу рецепти. Верувам дека не сум само јас со ваков проблем, затоа уште еднаш замолувам да ставате и слика од тоа за што пишувате рецепт.
Таман работа 5 жолчки се матат со 100 грама шеќер, 5 белки се матат со сосем малце шеќер, колку да има што да направи шам, јас користев кафеав шеќер. На пареа еден маргарин, јас ставив путер, и 100 грама чоколада, јас ставив 75% какао квалитетна чоколада, се топат и се оставаат на пареата да не се оладат. Во изматените жолчки се додава чоколадата со маргарин/путер и матените белки, со шпатула убаво се меша од надвор кон внатре. Се додава 5лажици брашно и пола пециво, продолжува со мешање додека не се добие убава мазна смеса. Во плех од рерна намастен се истура смесата и се пече на 200степени 15-20 минути, со чепкалка ќе проверите дали е печено, ама сосем е доволно. Додека се пече, на оган со постојано мешање се зоврива литар хопла со 400 грама чоколадо, истата 75% какао, и додека не зоврие убаво постојано се меша иначе ќе се залепи. Врз врело тесто набоцкано со со вилушка се истура зовриената хопла со чоколадо и се остава преку ноќ да отстои, превкусно и преубаво. Забелешка: Ќе биде тенко, ама не се сеќирајте, така треба, затоа се вика бакнеж Сервирајте со хопла, шлаг или сладолед надополнето со слатко од јаготки, цреши или малинки или некој убав прелив, а може и само со свежо овошје
Леле сите ми го зборат тој црнец, ама не сум го пробала, колачот е ко многу мокро тесто чоколадно, ко на лавата и одозгора меко чоколадо од ганажот, перверзии е. Многу брзо се праи иако изгледа комплицирано, јас пример прво матев жолчки, измив перки продолжив со белките, во меѓувреме на пареа маргаринот и чоколадото, додавав само и мешав. Муката е да издржиш една вечер да не го чепнеш, оти изгледа и мириса боженствено
Секако дека може, @Lovely, ама тешко дека ќе можам да ти кажам точни мерки. Плус ова беше една порција, па уште потешко е, се' од око си правев. Мусака со пилешко месо Потребно: компири (по потреба) пилешки стек (околу 200 g) кромид (1/4 или 1/2) пиперка (1/2) домат (1/2 со нормална големина) ориз (отприлика половина до една рака (моите раце се многу мали)) печурки (100 g) морков (1/2) Прво го запржуваш пилешкиот стек кој е сецкан ситно на коцки, а претходно зачинет само со сол и бибер. Го ставаш стекот на страна и го пржиш зеленчукот: морковот, кромидот, пиперката кои се ситно сецкани на коцкички. Потоа ги додаваш печурките. Откако ќе се подзапржат, го додаваш излупениот домат и оризот за да подомекне малку. Во сад за печење (во мојов случај мали глинени тавички), на дното редиш компири сецкани на тенки кругови. Можеш и да го подмачкаш дното, да не се залепат (иако во зајрето има масло, јас пржам на маслиново). Потоа ги додаваш пржените состојки, па одозгора редиш друг слој од компири сецкани на кругови. На крај налеваш малку вода, за да не биде се' суво внатре и да може да се зготви оризот и компирите на дното, па го зачинуваш горниот слој од компири. Јас ставам сол, бибер, црвен пипер, оригано/босилек и ставам да се пече на некои 200 степени (зависи од рерната). Готово е кога водата ќе испари, а горниот слој на компири е печен. *Забелешка: Можеш со зачините и намирниците да си правиш варијации на тема. Кари добро би дошло во оваа комбинација, на пример. Јас мешан зачин не користам, ама кој сака - може да стави. *Предлог: Бидејќи е таква мусакава, убаво како додаток би дошла некоја топка павлака. Добар апетит и пофали се како ти се допаднало. Еве и слика за тие што предложија. Мислам дека идејата беше одлична, зашто и јас често не можам да се снајдам така со рецептиве, вака е навистина прегледно.
Анелче, мислам дека погачава ќе ги „привлече“ моите консументи дома ... Може рецептче со опис на подготовка???
Одличен предлог ! Се надевам дека фемките ќе ја ставаат сликата од подготвеното јадење за поголема прегледност на рецептите.
Еве @Val-Dim , штом моите беа задоволни, се надевам и твоите ќе бидат Погача со шунка и сирење Тесто: 1к брашно( отприлика) 1лажица алкохолен оцет 1пресен квасец стасан со малку вода и шеќер 250г.млеко 250г.јогурт 2филџани зејтин 1лажица шеќер 1 лажица сол Фил: 500г.рендана шунка 300-400г( зависност од соленоста) дробено сирење измешано со две матени јајца Од состојките се замесува средно меко тесто. Се остава да надојде. Потоа тестото се дели на 4 дела и секој дел со оклагија се обликува во кора со големина на тавата, не поголема. Тавата се мачка со маргарин, се става првата кора, се попрскува со растопен маргарин, одозгора се става рендана шунка, па сирење со јајца. Ова се повторува и со останатите две кори, а на последната не се става ништо. Потоа на средина на погачата се става чаша, малку се притиска и со нож од чашата до ивицата на тавата се сечат ремени, некаде околу 14-16 , да дојде во облик на сонце. Секој од тие ремени се поткрева и се завртува како спирала. Спојлер Вака некако би дошло замотувањето, само јас ги вртев на една страна и не ги спојував меѓу себе Повторно се остава да одмори 20 мин. потоа се мачка со матено јајце , се става горе сусам или семиња по желба( јас ставив сусам, ленено, сончоглед) и во последно време ставам провансалска мешавина на тестото, убава миризба му дава( ама ова е мој изум) , и парчиња маргарин што јас заборавив да ги ставам. Се пече во загреана рерна. Еве сликата ќе ја ставам во спојлер да не зафаќа место Спојлер: Погача со шунка и сирење Заборавив да напоменам дека мене оваа доза ми беше многу за тава број 32, па отприлика по 2/3од сѐ ставав.
Ххахахах еве: Потребни намирници: 4 јајца 240 гр чоколадо Начин на подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 170 степени. Намачкајте го тавчето со масло. Тавчето нека биде со дијаметар околу 15-18 см. 2. Јајцата предходно оставете ги на собна температура. Одделете ја жолчката од белката на јајцето. Ситно исецкајте ја чоколадата. 3. Чоколадото растопете го на пареа. 4. Белките изматете ги во цврста пена. 5. Измешајте го растопеното чоколадо и жолчките од јајцата. 6. На смесата со чоколадо внимателно додате и половина од пената и полека помешајте. 7. Постепено додадете го и остатокот од пената и се звнимателно промешајте така што пената не би паднала. 8. Смесата истурете ја во калап. Пополека удрете го калапот од масата за да излезат меурчињата. 9. Печете го колачот 30-40 минути. Со помош на чепкалка за заби проверете дали колачот е испечен. Кога истиот ќе се олади, извадете го од калапот. Не се грижете доколку коалчот испука и го намали својот волумен. 10.На крај декорирајте по своја желба поздрав
Хаха, да. И мојата торта е правена по истиот рецепт како на бјутифул грл, а гледам и слично сме ја декорирале.
@Lella ке сакаш ли да дадеш рецепт за тортата со слатка и кисела павлака? Ептен ми изгледа вкусно, баш по мој мерак, кремасто...
Многу е едноставна. Ставаш 200 грама кисела павлака, 200 грама слатка (Хопла или Халта), може и повеќе, од 200 грама излегува толкава како на сликата, мала торта. Додаваш шеќер по желба, ги мешаш со миксер, или на рака. Ставаш врз послужавник еден ред плазма хоризонтално, потоа од павлаките смесата, па редиш некое овошје (во случајот вишни), потоа пак плазма вертикално и сè така додека имаш павлака. Едит: Се извинувам, не знаев дека мора слика, еве:
Фондант торта Крем 10 жолчки 500 гр фондант чоколадо 100 гр млеко 100 гр шеќер во прав (шеќерот во зависнот од вкусот може да биде намален) 1 маргарин Пандишпан 10 белки 100 гр шеќер 1 пециво 3 лаж. Брашно 1/3 од кремот Го топиме чоколадото со млекото на оган, пареа или микробранова (кој како милува), цврсто ги матиме жолчките а исто така и маргаринот со прав шеќерот, се тоа посебно (ако не употребувате зрнест шеќер тогаш изматете го со жолчките а маргатинот на страна) сето ова го соединуваме и матиме (смесата од чоколадо важно е да биде оладена) и тргаме настрана. Ги матиме белките со шеќерот за пандишпанот во цврст снег, потоа додаваме пециво, брашно и дел од кремот, прематуваме и печеме на 200° 20 минути Ја сечеме кората на 3 дела, ја пррмачкуваме со малку топло млеко за да остане мека и кревка, потоа ја премачкуваме со крем и по вкус премачкуваме со цврст шлаг крем или плаг пена, ја повторуваме постапката, на крај филуваме со кремот и премачкуваме со шлаг ( повкусна е со шлагот меѓу редови)
@mimi**** Секако дека мојт, повели Состојки : 2 јајца 2 лажици шеќер 50 мл млеко 1 лажиче путер 70 гр црно чоколадо 4 лажици брашно 1/2 лажиче пециво цимет, морско оревче, ѓумбир во прав Прво на оган се топат чоколадото, млекото и путерот. Нека се изладат. Сега се матат јајцата со шеќерот, се додава изладената смеса, зачините по вкус и на крај просеаното брашно со пециво. Убаво се меша да се соедини смесата. Се тура во калап за мафини, во кои има ставено хартиени кошнички. Се печат 20 минути на 180 степени. Од оваа доза излегуваат 6 мафини. На здравје!