Најпрво направив намаз со павлака, краставица, сол, бибер, копар и лук во прав (ѕаѕики), испржив мелено месо со малку кромид, доматен сос, зачини по вкус и на крај додадов пченка (може и црвен грав ако имаш, јас немав во моментот). На тортилјата ставив прво намаз,па лист марула па од месото. Потпеков малку на тостер и тоа е тоа Немам баш рецепт со мера, се ставив од око,а и секогаш експериментирам со тоа што имам во фрижидер во моментот.
180мл вода 180гр шеќер 75гр маргарин 250гр плазма бисквити 200гр печени кикирики 2 милка чоколади неколку лажици зејтин Најпрво во тавче се става водата со шеќерот да проврие.Се додава маргаринот да се стопи. Се додаваат претходно измелените кикирики и мелените бисквити, се меша додела не се соедини. Половина од смесата се трга настрана, а во другата половина се ренда половина чоколада и се меша додека се стопи чоколадата. Во тавче се става мрсна хартија за печење. Се реди првиот фил, белиот. Врз него се стаба растопено чоколадо (другата половина која остана), па кафеавиот фил. Второто чоколадо се топи со две лажици зејтин и се полева бајадерата. Одозгора се поросува со мелени бисквити и мелени кикирики, и се става во фрижидер да стегне. За 20тина мин е спремна за јадење, а целиот процес трае не повеќе од половина час. Преубава е
Да, не излегува многу од смесата. Јас ја правев во мала коцкасто тавче од Делимано, излегоа 16 бајадери.
@mariz повели видео: Рецепт: За тесто: 150 г Путер или маргарин 125 г Шеќер 3 јајца 50 г брашно 125 г мелени лешници 1 пециво 1 мала лажичка цимет За пудингот: 800 г рендани јаболка на едро 1 лимон(сок) 2 јајца 1/2 чашка шеќер 1 пудинг од ванила Сето ова се вари некој 5 минути се остава малку да се излади и се става на тестото. За филот: 400г хопла или слатка павлака Се мати без шеќер и се става врз ладниот пудинг и тестото.Се посипува до какао како декорација. Многу вкусна , ама откако ќе остои еден ден во фрижидер Добар апетит
Рецептот е од Dave's Kitchen но јас не го правам со скроз истите состојки. Состојки: 300 грама замрзната брокула 2 средни моркови 2 јајца 100 грама лебни трошки 1 лажичка буковец (благ или лут) сол и црн бибер по вкус Се вади брокулата од замрзнувач малку да пушти, па се става во зовриена вода 1-2 минути. Потоа веднаш се поминува со ладна вода и се цеди. На даска за сечкање се сечка ситно и се става во длабок сад. Морковите се рендаат и се ставаат во садот со брокулата. Потоа се додава буковецот, јајцата, солта и црниот бибер и се меша со вилушка. На крај се додаваат лебните трошки и се меша за сето да се соедини. Со раце се прават топчиња и се ставаат во плех на хартија за печење. Се печи 15-20 минути на загреана рерна на 200 степени.
1.5кг копани 500г кашкавал 500г шунка Копаните да се сварат(ги вареш со вагета) ги чистеш и го кинеш месото на ситно,кашкавалот и шунката ги рендаш. Во намрсен плех ставаш ред од месото,ред кашкавал,ред шунка и уште еднаш истата постапка ја повтараш ред месо ред кашкавал ред шунка. Ставаш да се пече околу 15мин(колку да се растопи убаво кашкавалот). За прелив со миксер матеш 400г павлака и 3 јајца и ги истураш озгора и пак ставаш во рерна додека да се исцрве озгора убаво.