Посни колачи или пиварки Состојки: - 3 чаши брашно - 1 чаша масло - пола чаша пиво - пола кесичка прашок за печиво - пола чаша гриз (се се мери со иста чаша) Шербет: - 600 гр. шеќер - 450 мл. вода Подготовка: 1. Во длабок сад за месење ставете го брашното, маслото, пивото, прашокот за печиво и гризот. Добро измешајте ги и замесете тесто. 2. Со помош на сукало, од тестото исучете кора. Со кружен калап или мала чаша, од кората исечете кругови. 3. Колачите редете ги во намрсена тава за печење. печете ги во загреана рерна на 220 степени за време од 15 до 20 минути, додека добијат румена боја. 4.Печените колачи оставете ги да изладат. 5. Бо тенџере на оган ставете ги шеќерот и водата да се варат. Откако ќе се свари шербетот, оставете го кратко време да се излади. 6. Изладените колачиња потопете ги во шербетот, за време од 5 минути, за убаво да упијат од течноста, а потоа брбелајте ги во кокос.
@TheGoldenPeach @Queen Leah Чизкејк е. Еве го рецептот: https://www.allrecipes.com/recipe/8350/chantals-new-york-cheesecake/
Повели https://karmin.tocka.com.mk/vesti/261714/bez-przenje-najlesniot-recept-za-vkusni-krofni-od-rerna
За тестото: 350гр брашно 150гр шеќер 200гр путер/маргарин 1 јајце 30гр какао 1 пециво малку сол Фил: 3 јајца 150гр шеќер 500гр Quark/ Тоа е како павлака нешто 200мл хопла 70гр путер 1 ванилин шеќер малку сол Ова Quark не знам дали има во мк,ама тоа е како павлака нешто слично. Постапката можеш да ја видиш во видеово. Се пече на 180 степени околу 1 час.
Quark е несолена изварка. Има таква, во КАМ во пластична чаша како кисело млеко, ама некако е многу течна. Едино сами да си направите од кисело млеко.
Ја знам таа изварка ама не ми се допаѓа баш... никако не ми е за во торта А да се замени тоа "quark"сo крем сирење како маскарпоне на пр? Не е солено и е доста масно, го користам за cheese cake, дали би се вклопило по вкус и конзистенција во оваа торта? @Minnie 1 ?
@Thallia и јас го барав што е тоа Quark и најблизу до состав и густина ми дојде дека е маскарпоне. Одлично би се вклопило во рецептот, не би идело таму таа изварка од кам, шу знам https://moirecepti.mk/post/киндер-буено-торта-2 Основниот рецепт е ова, со тоа што јас воведов измени и прилагодив состојки на тоа што имав по дома Во пандишпанот место лешници ставив ореви, место 150г, 270има, ако има да има Печев во плехот од рерната и делев пандишпанот на 3дела, али нареден пат би печела во правоаголно плехче и ќе печам на 3пати. Пандишпанот испаѓа висок, така и треба, ама тортата е мн висока, плус количина на филовите е убава, па малу тортево и ко облакодер е, едвај се сече и мора парчиште да извадиш. Во киндер буено филот место 6.5 бели чоколади има 3 бели и 3 киндер чоколади. Место буено наполитанчиња има чоколадни наполитанки од Европа (15 на број). Во жолтиот фил ставив 2пудинга место 1.5 и место 450млеко, 500има. Маскарпоне не ставив, немав. Игле се постапно и убаво е објаснето, прави без брзање и нема да утнеш. Можеш да идеш и стриктно по рецептот за полесно, само укради ми идејата за печење на пандишпанот, можеш и во некое округло тавче, средна големина, па круг торта да испадне
По сликиве тоа е. Рикотата е слична по конзистенција. Може и со маскарпоне, што да не. Иначе топ е чизкејк со изварка, ич не се осеќа кога ќе ја изматиш убаво. Само еднаш направив, најубав беше од сите што ги имам направено. Ич не се осеќаше како што обично се осеќа крем сирење во чизкејкот. Ама таква изварка веќе немам од каде да земам, таа домашна беше.
Фала И да знаеш дека е ептен вкусна.Повели рецепт : 10 белки се матат со 200 гр.шеќер.Настрана се меша 2 лаж.брашно,2 лаж.какао,200 гр.сецкани урми и 100 гр.суво грозје и се додава во белките . Во тавата обложена со хартија прво се ставаат 200 гр.сецкани потпечени ореви ,па врз нив се истура смесата и се пече на 200 степени ,зависно од релната нели 20 -25 мин. Кога ќе се испече одозгора се прелива со стопена чоколада и се остава да се излади ,да се стегне чоколадото. За фил: Жолчките се матат со 150гр.шеќер,и 2 лаж.брашно,малку рум и се варат на пареа додека се згуснат.Кога ќе бидат готови додека е топло се става една чоколада. Настрана вариш 1 пудинг од чоколадо со 250мл.млеко и кога ќе олади го сооединуваш со филот од жолчки и со еден изматен маргарин. И филуваш.Украсувањето е по желба ,јас имам ставено шлаг крем.
@BabyT* https://moirecepti.mk/post/крекери-со-сусам-и-сончоглед Плус додавам ким,семки од тиква,ленено семе. Моите се со интегрална брашно
@Lady D ❤️ Брзо лесно и вкусно. 300гр. Чоколадо се топи на пареа се додава една лажица масло. Откако убаво ќе се стопи се трга од оган и се додава 100 грама ореви мелени,100 грама лешници сецкани и 100 грама брусница сецкана(сето ова го сецкав во сецко).Се меша убаво и става во калапчиња.Стои во фриждер околу 15тина нинути.