Вртена пита Корите ги купувам во Лидл. Пржиш праз и соја трошки заедно. Претходно соја трошките ги вариш. И после само редиш, ја моташ кората и печеш. Јас одозгора пред печење ја намачкав со вегански маргарин, ти можеш по желба со што сакаш.
Се изгледа толку вкусно, а и прекрасно декорирано, браво! Може рецепт од пирошките и салатите? И што е тоа на последната слика?
Фала ти. Пирошките и салата во средина се купени од Кам. Другата салата е крем салата. 1 пакетче урда(околу 450гр), 2 мали павлаки, 100гр.потпечен сусам, 4-5 лажици мајонез, 3-4 лажички буковка. Сето тоа се меша убаво и се сервира. Ќе си пробаш на вкус, и ќе додаваш/одземаш од состојките. На последната слика - саламурен стек исечен на парчиња се пржи на путер/маргарин. Кога ќе се запржи се додава хопла за готвење(мало пакување), 1 до 2 мали павлаки, и зачини(оригано, сол, вегета, бибер, лук во прав). Ставам и кари ама сега немав. Се остава малку да се динста. Потоа се префрла во огноотпорен сад(или земјено тавче) и одозгора се стават тенки листови кашкавал. Се пече на 220-250степени додека не се запече кашкавалот. Во ова може да се стави и варена златна мешавина и печурки. Тоа по желба. Ама битно, многу е вкусно