3 јајца 15лажици брашно 15лажици шеќер 1 пециво 1чаша млеко половина чаша (филџан) зејтин Се мати јајцата и шеќерот, па се додаваат другите намирници. Во намрсен и набрашнет куглоф се истура пола од смесата, се додаваат вишните ( или било какво овошје по твој избор), во останатата половина се додава 1 лажица какао и се истура врз првата смеса. Се пече не знам колку време, пошо ја оставив свеки да го испече на шпоретот на дрва Во електричен шпорет се пече 20тина мин на 180 С.
Нема посебен рецепт, се е од око, брашно, вода, зејтин, малку шеќер,сол и квасец.. Со инегрално не сум пробала до сега...
Идејата ми е преземена од @Blue.Sky и @Amellie13 , мислам дека од инстаграм им е најдена, ќе ги тагнам да споделат.
Мачкањето е: 300 мл топла вода 150 мл зејтин Еден сув квасец Каф.лажиче шеќер. Две каф лаж.сол 6 супени лаж. Брашно. Да се мати додека исчезнат грутчињата. За фил: Рендана шунка 250 гр Рендан кашкавал 250 гр. Кечап за мачкање. Прва кора се мачка само со течниот фил. Втора се капе со течниот, се мачка со кечап а се наросува со ренданиот кашакавал и шунка. И се од ново- прва кора, втора кора...се додека има. На крај, пред да ги ставиш за печење исечи ги на коцки (јас и коцките на триаголници ги сецнав и не се труди да се исечени до крај зашто колку и да сечеш пак ќе се сврзи иако не е тесто) Печењето е на 200 степени. Печеш 15 мин ставен плехот на решетка, ама и 15 мин и доле да се испече зашто има доста мастраф, да не остане жива кората. П.С. пехот од шпоретот го употребив ,ама го послав со хартија за печење.
1 кг брашно ,многу малку квасец, 2 мали лаж сол 1 мала шеќер ,2 лаж. големи алкохолен оцет(мајка ми вика тука била тајната) и 50 мл зејтин. Со млака вода се меси,средно тврдо да е. Не стасува,се прават топчиња-6 се расукува кора (големина како голем тањир) се мачка со зејтин и така стојат 15 мин. Потоа се тегнат Се премачкуваат на крај со јајце ,ставив и маст,а филот едниот е со пица другиот урда и јајце Превкусно
По две. Првата само со течноста ја мачкам, а втората ја капам со течноста и и ставам кечап (зашто ако е само на кечап, многу е тешка за јадење) и ја наросувам со шунка и кашкавал. Откога ќе ја наредам, ја сечам на коцки , овојпат некако големи ми дојдоа коцките па некои на триаголници ги исеков, позгодни се за јадење.
Аха, значи сите кори една врз друга па после ги сечеш на коцки или триаголници. Јас мислев како баклавата што се прави триаголници, така ги моташ