Всушност овие се од оние за "мрзливи" а за какви да биде кога е во 11:30 навечер, сигурно не би месела и да чекам 5 саати лиснато да стане Готово лиснато тесто е, расукано и полнето едните со сирење а мнозинството со кашкавал, шунка, кечап и оригано.. Инаку користам бугарско лиснато, еднаш земав од тие нашите на трио мислам беа ама мнооогу мрсно ми се виде, па и кашкавалот кога си пушти мрсно, претерано ми беше. Ова на Фамилиа ми е најубаво..
https://forum.femina.mk/threads/Фемина-Инстаграм.21134/reply?quote=4837752 Рецепт @Marijana93 ,за потпечени макарони со кашкавал
Најпрво ги вариме макароните, но да не се преварат. Додека се варат макароните го подготвуваме сосот. Во тенџере на многу тивок оган го налеваме млекото, додаваме сол, бибер и промешуваме. Треба малку да замлачи и го додаваме маргаринот исечкан на мали коцки и мешаме со жица да се растопи. Потоа го додаваме брашното и мешаме нон стоп со жицата. Сосот го готвиме околу 5 минути треба да се згусни и потоа го додаваме кашкавалот ( но оставаме малку за наросување одозгоре ). Откако и кашкавалот ќе се растопи сосот е готов и го истураме кај макароните. Убаво ги промешуваме макароните со сосот и ги префрламе во намрсен огноотпорен сад и одозгоре го додаваме останатиот кашкавал. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 10 - 15 минути убаво да се запечат.
@piksooki ја смислив во моментот Испеков пандишпан (класичен рецепт од нет). Филот светло розевкаст ми е фил од пудинг и путер (се лади пудингот (ставив два од малина и ванила), се мати путер убаво да стане кремаст и се додава оладениот пудинг се матат заедно и станува убав крем фил.. и ова со мерки од око). Црвениот фил е шумско овошје замрзнато. Го сварив малку со лажица мед. Горе стопено чоколадо со путер.
700 гр бутче, зачин од зеленчук, морска сол, свеж магдонос и кромид. запржено малку, па додадено барбикју сос. се пржи уште пет мин и се додава вода . динстам 60 мин и додавам вода ако снема. потоа томатело од око и уште 20 мин. се на се 90 мин. има пире од компири под сосот. инаку истово го правам и до печурки и со праз.. основата е таа, додаваш што сакаш
Фала тии...а за тоа со праз и печурки мислам вечно ќе ти бидам благодарна . Кога го направив прв пат ептен ми го бендисаа дома а претходно ич не сакаа тави со печурки .Па сега редовно ни е на мени
Фала.. Исто е тестото за се од сликите.. Брашно квасец вода малку шеќер, сол, малку масло и капаче од шише ракија.. Месено на малку помеко и стасано 2 пати ... после за другите работи 6додадов малку брашно кога го премесив..
Печени пилешки прсти. Ги валкан во брашно, оваа во јајце+зејтин, и на крај во корнфлекс. Претходно да отстои во сенф и зачини. Печам на 200 степени по 15мин од двете страни.
https://www.coolinarika.com/recept/978303/ По овој го правев. Само јас капини користев. И во филот ставив 2-3 лаж кисело млеко, зошто го сакам' покиселкаст'