Ова со чиа семе е? Дај рецепт да пробам и јас што вкус има Убаво објасни ми. Зедов чиа од стокомак, во ќесенце. Ако е битно тоа де
2 јајца 150 мл. јогурт 80 мл. масло 18 лажици брашно 1 пециво Се матат јајцата потоа се додаваат другите состојки. Брашното и пецивото се ставаат на крај. Се печат на 200.
Да рецептов е за солени мафини, ако сакаш благи плус додавам ванилен шеќер и 7 лажици шеќер. И од горе ставам овошје.
Ти каснам два месеца со рецептов... Правев пинурлии по рецепт што го најдов тука на форумов. Ми остана тесто, расукав кора, ја премачкав со нутела и свиткав ролат. Ролатот се засекува надолго и се прави плетенка. Еве и слика како отприлика изгледа и од основата на тестото исто.
Благодарам ... Еве по ова видео правев Но не ставив какао во смесата пошо дома имав пудинг од чоколадо наместо од ванила. Па имав бела смеса и чоколаден пудинг.
Потребно: (за 30 мафини) 500 гр. брашно ,300 мл.млеко, 3 лажици кисело млеко, 3 јајца,1 прашак за пециво, 1 лажичка сода бикарбона ,4 лажици какао,350 гр. шеќер,1 ванилин шеќер,200 гр. сецана чоколада за готвење,200 мл. зејтин. Подготовка: Помешајте ги во еден сад прво сувите состојки, а во друг се матат јајцата неколку минути па се додаваат останатите течни состојки. Со непрекинато мешање се додаваат течните состојки во сувиот дел добро да се соединат. Се додава сецканата чоколада и полека се меша со лажица.Еден дел од сецканата чоколада се остава за посипување на мафините од горниот дел. Се полнат калапите и се пече на 200 С околу 20 минути. Повели @f.girl
Не знам дали може да влезе во категорија гулаш тоа е фрли се што имаш останато во тенџере и нека се вари Запржив кромид, лукче, домат, еден морков ... и после тоа месо на коцки (ама јас го подварив 15тина мин пред тоа и го исцепкав, а остатокот го замрзнав за следен ручек, големо беше парчето како за двајца изгубени души ), печурки, зачини по желба и вода и се вари едно саат ипол два, зависи какво месо ќе ставиш Количина од око т.е по желба зависи за колку готвиш Кај мене беше мнозинството свинско, ама имаше околу 150 грама пилешко што ми остана сварено од претходно.. Некогаш ставам телешко ама не ми беше баш во план да смучкам чорбесто нешто туку шницли да вадам од бутчето Јас запршка не ставам, тешко ми е од неа, ама ставам секогаш едно мало компирче да се свари со јадењето, па го пасирам на крај..
Имам јас извадено телешко за утре и се мислев како да го правам Тенкју. Го правев денес со телешко супер беше.
@mariz Изволте. Пандишпан: Шест јајца Шест лажици шеќер Четири лажици мелени ореви Три лажици брашно Еден ванилин шеќер Едно пециво Сето ова заедно се мати и става на печење. Откако ќе се испече пандишпанот се сече на две половини. Од мелените ореви само четири лажици се додаваат во пандишпанот. Фил: Млеко 700-800 грама Три пакетчиња пудинг од ванила Кесичка ванилин шеќер Путер 250 гр. Шеќер во прав 250 гр. Ореви (тоа што останало од количината за пандишпан, од око) Рум (јас користев dr. Oetker мало шишенце) Половина кесичка кокос Млекото се вари, откако ќе се свари се додаваат трите кесички пудинг, и се остава убаво да се олади. Меѓувреме се спрема путер со прав и ванилин шеќер, истиот се мати и додава во потполно изладениот пудинг. На крај се додава неколку капки рум (една или две мали лажичиња од прилика). Потоа се филува цела торта (внатре и надвор) доколку остане филот. Ако не, по желба може одозгора да ставите шлаг наместо пудинг. На крај за декорација поросувате кокос и прошарувате со малку какао со млеко, како што гледате на фотографијата. Лесно, едноставно и вкусно, поздрав.
250 гр. ореви вкупно. Три - четири лажички ќе ставиш во пандишпанот, а другата половина во филот. Пиши ако ја направиш.
Имам сличен рецепт, за помала доза, колач. Исто се, само помали дози мислам беа. Превкусно е. Ке ја правам за роденденот на синчето, на средина на Април. Сакал обична торта со бел шлаг и sprinkles Па таман оваа ке ја направиме