Како и секое обично тесто за пица.. Брашно малку квасец сол и вода.. Се што е плус не е тесто за пица
https://puls24.mk/торта-со-бисквити-и-чоколаден-домашен/ По овој рецепт ја правевме со мајка само со некои мали модификации
@Bubce38 фалаЈас ги обожавам,а богами од вчера и ќерка ми 2 белки 1 супена лажица сок од лимон 150гр шеќер Белките и сокот од лимон се матат пенасто со миксер. Потоа постепено се додава шеќерот и се продолжува со матење додека шеќерот не се растопи(да се формира цврст снег). Потоа на плех обложен со кујнска хартија со шприц(јас немав шприц и ги правев со лажица) се ставаат топчиња. Се печат (се сушат) во рерна на 130 степени околу 1 час. Кај мене точно 1 час се печеа.
Тестото е што го викат лудо:брашно,квасец,пециво,млеко,јогурт,јајца,сол,шеќер и зејтин. Одозгора месо свинско со сол,зејтин и црвен пипер одстоено еден ден и при крај на печењето јајца и сирење.
Се матат 3 јајца со 1 чаша јогурт и масло(од око ставив) 2 чаши брашно, прашок за пециво и сол. Се додава филот, јас ги правев со шунка и фета. И редиш во калапи. Меки се многу.
Повели рецепт, само јас на пола додадов замрзнати сецкани сини сливи. https://moirecepti.mk/post/мафини-со-вишни-и-чоколадо
Го правев тој брз ролат споделен пред некое време, ама некако сув ми испадна, ќе се задавам. (Првпат правам а и не сум мн вешта во кујна)
Утре за доручек. Со пресно млеко згреј си (ако е благ ролатот). Јас така правам, ако ми е многу суво. Ако е благо нешто- со пресно млеко. Ако е солено- со кисело или јогурт.