Форумџика на годината

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    15.516
    Може ли рецепт за лепчето :wasntme:
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.770
    Допаѓања:
    173.075
    Пол:
    Женски
    Квасец, малку шеќер и млака вода се остава да се активира и се додава лажица сол, околу пола филџанче масло (може и без масло за тие што постат без масло) и брашно:D
    Мерки немам, од око8-| затоа што најчесто не правам само лепче од тестото, па повеќе тесто правам..
    Една пицичка, неколку мекици за стрвните како мене...:wasntme::$

    Се остава 2 пати да нарасне и се пече ..
    Можеш топчињава да ги премачкаш со јајце и сусам ама мене посно лепче ми требаше па одозгора само малку брашно посипав..и на плехот брашно..:)
    Ако сакаш можеш и водата да ја замениш со пола вода пола млеко..
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Повели :)
    Btw во Битола ова ни е козињак :)

    Потребно е:
    1 кг брашно
    3 јајца
    2 мали филџани масло
    2-3 мали лажички шеќер
    1 коцка квасец
    500 мл млеко
    рендана кора од лимон
    жолчка за премачкување

    Се меси тесто од брашното, шеќерот, маслото, надојдениот квасец, млакото млеко, јајцата, кората од лимон и се остава да кисне. Кога ќе скисне тестото се дели на 9 дела, од секој се развлекува правоаголна кора, секоја кора се премачкува по желба (јас ставив еурокрем) и се виткаат во ролат. Потоа три ролати се плетат како плетенка, а на краевите се прицврстуваат со чепкалка. Така сплетени се оставаат повторно да киснат.

    Пред да се стават да се печат се премачкуваат со жолчка изматена со 2-3 капки масло. Се печат во претходно загреана рерна на 200° околу 15-20тина минути зависи од рерната, а потоа се покрива со хартија за печење и милибродите се допекуваат на температура од 150° уште 20тина минути.
    На крај кога се готови се покриваат со чиста крпа, па најлонска фолија, па повторно крпа, за убаво да омекнат.
     
    На SofiMar_ и samovila.red. им се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    15.516
    Ти благодарам многу ^_^
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.452
    Допаѓања:
    172.324
    Пол:
    Женски
    @LejlaD срц ај рецепт за мачмелоуТо:)
     
  6. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    4.196
    Пол:
    Женски
    850гр. брашно
    1 квасец
    500мл. млеко
    1 лаж. сол
    1 лаж. шеќер
    1 лаж. мед
    75мл. масло
    За премачкување: 1јајце, малку вода и сусам.
    Најпрвин се става квасецот со млекото и се остава да се стопи, после се додаваат сите состојки, брашното последно. Се меси подолго време и стасува 1час.
    Потоа се дели на топчиња(во рецептот ги пишува 16, ама јас ги поделив на 12 да ми испаднат таа големина како на сликата), се редат во тепсија и се натиснуваат со раката малце. Се оставаат пак еден час, се премачкуваат и се печат во загреана рерна на 220-230°С, околу десетина минути.
     
    На MamaYette, lovemme, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.201
    Допаѓања:
    208.265
    Пол:
    Женски
    6 жочки,12 лажици шеќер,200мл.млеко,100мл.масло,6 лајци брашно,3лајци какао,1/2 пециво.Ова е за долниот дел-пандиспанот.Се бијат жолчките со шеќерот па се додаваат друѓите течни работи на крај брашното какао пециво.Се печи во правоаголна тава за полесно сечење парчиња-од почеток на 180 с при крај на 200с,со чечкалица ќе видиш дали е печено.За белиот дел-6 белки,12 лајци шеќер,4 лајци вода,10 лајци шеќер.Прво 4 лајци вода со 10 лајци шеќер да зоврие.6 белки се бијат со 12 л шеќер и полека се додура шербетот жежок-се добива шам.Од како е испечен пандиспанот уште топол се премачкува со шамот од белките и се враќа во рерна да потемни малку исто на 180 с.Кога добива шамот боичка се вади од рерна и се премачкува со-100 гр чоколадо,3 лајци шеќер,4 лајци вода,4 лајци масло-ова заедно на рингла да се поврзат и се потура врз шамот.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.452
    Допаѓања:
    172.324
    Пол:
    Женски
    Уште да ми кажеш за во колкава тавичка е мастрафот:bow::*
     
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.014
    Пол:
    Женски
    За колкава тава број е ова?
    На битолски ништо не разбрав убаво, чекам да ми го пратат на скопски:D
     
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.452
    Допаѓања:
    172.324
    Пол:
    Женски
    Епа Лејла го мереше нејзиното ватростално било 40 см:D
    И јас ја мерев мојата, 38 см долга а не знам колку широка.
    Правоаголна , од тие средните црни тавички, нема бројче:)
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.118
    Допаѓања:
    225.675
    Пол:
    Женски
    @mariz рецепт за млечникот плс
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.486
    Допаѓања:
    76.653
    Пол:
    Женски
    Само јас ставив и сирење. Иначе со обично бело брашно е, со глутен почнавме пред месец.. :) Но би требало да биде успешно и со безглутенско. 20200330_210150.jpg
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.118
    Допаѓања:
    225.675
    Пол:
    Женски
    баш ми е мило што сте почнале :)))
    со глутен ќе им правам, јас не јадам вакви ствари:D
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.971
    Пол:
    Женски
  15. FancyGirl*

    FancyGirl* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    3.632
    Пол:
    Женски
    Готова смеса на Др.Оеткер + 2 јајца.
    Многу лесно и брзо.. Има инструкции на паковката.
    IMG_20200331_132002.jpg
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SINOLICKA_123

    SINOLICKA_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2019
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски

    Recept za Mlecnikot
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.486
    Допаѓања:
    76.653
    Пол:
    Женски
    @SINOLICKA_123 еве го. Јас само и сирење му издробив плус.
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    На Blue.Sky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.736
    Допаѓања:
    35.747
    Пол:
    Женски
  20. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Монте колач:
    За кора:
    *3 јајца
    *5големи лаж.шеќер
    *3големи лаж.топла вода
    Се мати пенесто и се додава:
    *3лаж.брашно
    *3лаж.какако
    *пола пециво
    Се претура во тепсија 25×35 и се пече на 180 -20 мин.
    Печената кора да се олади и се попрскува со 50 мл.чоколадно млеко.

    Бел фил:
    *500 мл. Млеко
    *5лаж.шеќер
    На рингла да зоврие.
    Посебно се мати:
    *100мл.млеко со
    *6лаж.густин
    *2лаж.брашно
    *2ванили
    И се додава во зовриеното млеко. Се вари да згусне.
    Се трга и се додава:
    *50гр.бело чоколадо,да се растопи.
    Пенасто се мати:
    *150гр.путер
    И се додава во оладениот фил. Се миксира.

    Црн фил:
    *500мл.хопла
    *200гр.црно чоколадо
    *100гр.млечно чок.
    Се загрева на ПАРЕА да се растопи чоколадото. ДА НЕ ЗОВРИЕ!
    Се остава целосно да се олади,потоа се мати со миксер.

    Финална постапка:
    Оладената кора се премачкува со белиот фил,па со црниот фил.
    Може да се декорира одозгора со шлаг пена или растопено чоколадо.

    За сендвичите,две лепчиња се премачкуваат со путер па кашкавал,каков имаш,рендан чедар и ајдамер е во рецептот,и било каква салама,го премачкуваш сендвичот со јајце и го пржиш цел сендвич во масло или путер.
    Има на јутуб гответе со фичо баш вакви сендвичи.
     
    На Thallia, Adi888 и Blue.Sky им се допаѓа ова.