300 gr cholokado ( 2 beli i 1 crno) Taka imav 100gr margarin 2 lazhici med 100 gr oriz Tolku Prevkusno
Немам некој посебен рецепт, ја прам од прилика. Околу 800 гр. брашно, 1 квасец, прстофат сол, 2, 3 лажици масло, 1 чаша јогурт, сето го замесувам со топла вода и го оставам да кисни. Откако ќе скисни, го делам тестото на 2 дела, од секој дел вадам по 3 топчина, кои ги расукувам. Ги ставам едно врз друго (на 2 места), а меѓу нив ставам по малку сирење (бело овчко) и по малку маргарин. Потоа ги расукувам пак и ги обликувам како на сликата.
се е од око. основата е мелени бисквити, мелен бадем неколку лажици Несквик и путер. филот е со пудинг, топено чоколадо и путер...
Го следев овој рецепт, лесен е и убаво објаснет. Излегуваат две големи пици. Првпат ги правам и предобри испаднаа (на едната додадов печурки). Како што вели дедево, загреј ја рерната убаво на максимум и готови се за помалку од десет минути. Ќе заборавев и ова: пред да почнеш да ги редиш стварите на пицата, веќе оформеното тесто стави го на плехот во кој ќе се пече, да не мора да се мачиш да ја префрлаш. На здравје
2 јајца 1 чаша јогурт 1 чаша зејтин 2 чаши шеќер 3 чаши брашно 1 пециво 1 ванила 500гр вишни/јагоди/бобинки Чашата е од 200мл. Се мати се заедно со миксер и се става на набрашнет плех. Се пече првин само тестото 10-15 мин на 200степени, а потоа го редиш овошјето одозгора и печеш уште 15-20 мин на 180 степени. Откако ќе се испече, колачот се посипува со шеќер во прав.