Ти благодарам. Варени гевречина - 1кг. брашно - 1 рака шеќер - 1 филџан масло - 1 квасец - малку сол - 500мл. млака вода Сите состојки се замесуваат, се формираат гевречината, потоа се ставаат во врела вода, се вадат од водата и се наросуваат со сусам. Се редат во плех и се печи.
Секако. Една главичка кромид ја запржувам на малку масло и додавам 500гр мелено месо. Додавам оригано, босилек, сол, бибер. Додавам околу 700мл томатело или домашна салца. Се крчка уште 10-15минути. Во тавата ставам малку томатело и редам од корите, сурови, никогаш не ги варам. Ред фил од месо ред кори и завршувам со кори. На тавче ставам 20гр путер кога ќе се растопи додавам 3 лажици брашно и околу 300мл ладно млеко. Готвам до згустување како секој бешамел сос и го прелевам најгорниот слој од корите. Печам со фолија 25мин, тргам фолија редам моцарела, назад уште 10тина минути и воала.
Од око е све. Соленото има основ на царска пита ( јогурт пециво зејтин брашно) само мастравот го сменив со - ајвар лут (лажица) маслинки кашкавал чајна сирење. колачот е со малини аронија и чоколадо во прав . основа брашно зејтин пола чаша јогурт пола млеко, ванила и шеќер. мафините се со аронија. ист основ.
Еве го, само јас ставив коцка свеж квасец, немав сув. И различно суво овошје. https://www.instagram.com/tv/B-q0pDZInLa/?igshid=1iyc7anz2m6sp
Повели Вака ги правам како на видеото ,печени се ,само овој пат без преливот одозгора.Значи ги печам само иако можеш да пробаш и со преливот ,многу се вкусни и така .И да,јас правам од поголемо парче стек
@ludoto19 фала ти. За печење: компирот го мачкам со путер и вегета, и го оставам да се пече околу 40-45 мин. на 160 степени (со вентилатор), инаку на 180 без. Тиквички: се сечат на пола, се вади средината со лажица, ги премачкувам со маслиново и мешавина италијански зачин и ги ставам да се печат 15-20 мин на иста температура, убаво да омекнат. Полнењето го правам во меѓувреме, тука можеш да експериментираш, количината зависи колку порции ќе правиш и како ти е вкусот. за компирот (го сервирам со ладна салата): пропржив кромид, млад кромид и лукче убаво да омекнат. Во ист сад го измешав тоа, со едно и пол пакување крем сирење со зачини, додадов грашок и пченка од конзерва, три варени јајца исецкани на коцкички, лажица мајонез (може и без) и варен морков исто сецкан на коцкички. Скоро ко руска. Кога го вадам компирот од релна, оставам да се олади 10-15 мин за да не се распадне кога го сечам, премачкувам пак со малку путер и зачин, сечам на пола и ја вадам средината, додавам во полнењето и ставам еден куп зачини: свежа мајчина душичка, рузмарин и босилек, плус сол, бибер, оригано, и црвен пипер за мирис. Додадов и кршени ореви и лажичка сок од лимон. Превкусно, полнењето дм го сркаше со лажица ко компир салата, морав физички да интервенирам. За тиквичката: пропржив кромид и лукче убаво да омекнат, го додадов месото од тиквичката ситно исецкано и веги мелено месо (можеш со обично мелено или сланина) да се пропржат уште пет минути. Додадов куп зачини и мала конзерва (70гр) доматно пире. Додов и пченка, грашок и варен морков. Штом омекнат тиквичките, ги полнам и назад во релна на 10тина минути да испари течноста. Ги вадам, ставам малку моцарела, назад на 5 минути да убаво се стопи и ручекот е готов, на здравје.