Јас го правев со мали за кафе. Испаднаа 4 мали и 2 големи лепчиња. Така и е и на неа пишано 6 парчиња дека излеваат, само мене не ми се иста големина.
Јас више замесив, со големи чаши мерев. Многу меко,убаво тесто. Се остава да нарасне така? Не е објаснето во сликата затоа препрашувам
Обично тесто за кифли, пола доза со 500г брашно, го делам на три дела, секој дел го сукам во правоаголник и го делам на уште три дела. На секој дел ставам зденка и маслинки, не размачкано, онака по некаде на мали парчиња и го замотувам, внимавам филот да остане внатре. Па потоа правиш плетенките. Инаку рецептот за кифлите. 1кг брашно 500мл млеко 200мл масло 1обичен или 2сув квасец (јас само со сув месам) 2кл шеќер 1кл сол Месиш тесто, стасува, па работиш со него. Ако правиш со цела доза ќе делиш тесто на 6дела и ќе ти искочат 6плетенки
Ја прашав еднаш Бубале , не ми одговори. А не можам да ја тагнам. Ај ти ќе ме оправеш. Како да направам пудинг со чија семе? Или нешто вкусно ми кажи рецепт со чија Само блачко да биде
Со овес и чија е. 1/2 cup овес, и толку млеко ставам, и лајца чија, и пола лајче ленено и лајца павлака со лајца мед е ова. И стои преку вечер. А за чиста чија, лајца чија со три лајци млеко сооднос 1:3. Башка засладувач ако си ставаш.
Ориз, пилешко, грашок, пченка, кромид и зачини @Bubce38 мене не ми е убаво чиа пудингот, се чудам ќерката како го сака Ама вака како што го прави @theowndemon ме стрви
Од памет . Се шалам.Ништо посебно.Редам биаквити ама не ги потопувам во ништо ,многу ми се меки така ама ако сакаш можеш.Потоа ставам топено чоколадо (како глазура ) и додека е топло врз глазурата ставам печен сецкан лешник (може и орев) и чекаш да се стегне чоколадото . Потоа се става филот.Го правев со 2 пудинга од чоколадо варени во 600гр. млеко и додека е топло ставив една чоколада.Чекаш да се олади и мешаш со 200 гр.матена хопла . Потоа пак редиш бисквити и истата постапка .Јас имам три реда бисквити .
Јас прв пат го праев и ми се бендиса ни овес премногу се осеќа ни чија. Шо да прам ко стрвам сендвичи па еве ручекот, со јајце внатре и зеленчук, од сосој чили сенф, тартар и кечап. И жолчката не сум испржила убо, масакар. И за вечер интегрални шпагети, со веге сос горе од црвена леќа и кромид, и доматно пире. Јас си додадов и парчиња домат плус од рецептот и печурки. Само сосот, по рецепт треба гмечено или блендирано ама сакам да осетам зрно јас:
Јакиот рецепт Во 1л млеко вариш три пудинзи од чоколадо. Јас наместо 8 лаж шеќер ставив само 3 , ама додадов многуууу несквик ( затоа е толку темна) и два реда млечно чоколадо . И црпнав малку маргарин . Маргаринот го ставаш во веќе сварениот пудинг и мешаш дур не се растопи и соедини. Редиш во плехче бисквити, поливаш со топлиот пудинг, па пак бисквити и пак пудинг. Бисквитите пред редењето ги брцнуваш во нешто течно- млеко, сок... Јас во цеден портокал ги брцав. Чекаш да стегне и сркаш од таванка или пробуваш да исечиш на коцки, нешто што мене одвај ми успеа
Ова со лепчињата одозгора топено сирење е? Ај те молам во соодветната тема пиши од кај го земаш и како го правиш