Секако За пандишпанот: 3 јајца 2 банани или 3 јаболки (јас немав банани во моментот и вака супер испадна ) 1 чаша мелен овес 1 чаша овес 1 чаша кисела вода 50 до 100 гр кокос (смесата не треба да е сува, ни премногу течна, ако ставиш малку повеќе кокос може кисела вода да се додаде за да се разреди) 1/2 пециво 100 гр сецкани мешани јатки (јас ставив бадем, сончоглед и тиква) 50 гр суво грозје и ситно сецкани урми екстракт од ванила Се пече во тава 28ца, на хартија. За белиот кокос филот: 1 чаша гриз 100 гр кокос 1/2 пециво 2-3 лажици кафеав шеќер (ако сакаш да е поблага, може и повеќе) 1 чаша кисела вода 1/2 чаша млеко Исто смесата да не е ни премногу сува, ни течна. Пандишпанот се запекува 5-6 минути, да фати кора, па се додава кокос филот и се пече уште 10на минути, ќе ја провериш со чепкалка. За чоколадниот фил: Се вари гриз со млеко, шеќер и рендана кора од портокал. Треба да е со средна густина, се трга од оган и се додава 100 гр чоколада (јас сакав поздрава верзија, додадов црна чоколада). Чоколадниот фил се става најгоре, постепено со лажица и се обликува. Глазура: 50 гр чоколада, 3 лажици масло. Ако ја направиш, кажи како ќе испадне. Многу е вкусна.
^ Извинете, заборавив да додадам а помина времето за едитирање, во пандишпанот и белиот фил се додава и 100 мл масло или стопен путер. @Anaouou
@Dust еве го рецептот за домашни тортиљи, многу се лесни. Премеки излегуваат, само треба убаво да ги расукаш за да не се дебели https://gotvi.mk/2019/07/22/tortilji/
Не е од фемина инстаграм, но не знам посоодветна тема. Џој, прекрасно изгледа кафето, ќе може ли да кажеш како го приготви.
2 лажици нес една лажица шекер и 3-4 лажици вода ладна(мали лажици) ги матам заедно со машинка за нес се додека не добијам густа пења. Во чаша прво истурам млеко коцки мраз и одгоре од пењата
Срам не срам рецепт немам.Од око состојките,брашно,јајца три,шеќер,ванилин ,рум,кора од лимон,махлеп,квасец.Се замесува,се остава да скисни тестото,па се дели на два дела.Секој дел се сучи во кора која се премачкува со омекнат путер,се преклопува како плик,на секој преклоп се мачка путер.Се добиваат два плика или две топчиња,се оставаат во фриз барем 1ч.Од секое се сучи кора,се сечи на триаголници како вообичаено за кифлички ,па на секој триаголник мармелад и се виткаат,повторно да скиснат или надојдат се оставаат.Од како се печени шеќер во прав.Ако треба нешто кажи,доколку збуричкав....