@Dust ако добро се сеќавам имаше правено такви за Божиќ, многу убаво изгледаа, беа обоени црвени и зелени Претпоставувам беа чоколадни
Леле мајко..да се пикнам во некоја дупка кога и да се логирам имам по барем 50 известувања а некогаш и 150 и не отварам Јас имам мака со тие бургери.. Обично се става нели и јајце ама мојов е алергичен на јајца, смее само ептен ако е малку како над кифла премачкано (и тоа со млеко дури го разредувам) па морам алтернативи да барам.. Во моите плескавици најчесто има мелено месо (не смеса за мелено туку бут мелен, свинско и телешко), кромид на најситно исецкан во сецко, зачини по желба, малку печена до крцкавост и издробена сланина, една лажица домашен кечап и 1 лажица брашно .. друго не смеам да ставам.. обично ги печам на скара или ги пржам..зависи од околностите Е сега, некогаш ги полнам внатре со горгонзола, кашкавал или зденка зависи што имам...и плус одозгора кашкавал.. Не сум репер за некој добар бургер де, ми имаат многу пати речено дека јајце било задолжително во бургерите ако сакаш да е добар, ама јбг ама нас ни се брз ручек кога касно ќе се прибереме и сме утепани од работа.. Мојт https://moirecepti.mk/post/лиснати-кифли-3 https://reporter.mk/hrana/kokos-kotski/ Ги правам често ама изменува од рецептот Еве на една членка и пишав баш по ЛП што менувам од рецептов, да не пишувам пак.. Има има рецепт само не се чоколадни туку повеќе како чајни колачиња ама кој и да ги прави да не се заебе како мене па да нема совршени кругови..Многу ми нараснаа и се раширија иако имаше доста место меѓу нив На крај ги намачкавме со нутела и како нутела сендвичи ги јадевме Иначе се мнооогу убави, еве ги од тогаш.. имаш добра меморија По овој рецепт се правени.. еднаш турив и несквик и беа перверзии И да..извинете за каснењето
Ту изи 3 кесички пудинг од ванила се варат со 1литар млеко и 8 лажици шеќер.Откако ќе згусне,се трга настрана,па, се става на парчиња околу 100гр путер и се остава да се олади.Настрана се кршат на парчиња 300гр бисквити,се сецкат 500-600гр јагоди,па откако пудигнот ќе се олади малку,се заедно се меша.Се става во калап и одгозгора се става шлаг крем.
Повели А шлагот го правев во сооднос на млеко колку што пишуваше на опаковката. Не знам на која фирма беше шлагот.
@Stressed Out, ела ваму. Дај рецептчето за тортата, и пиши какво крем сирење користеше. еееептен убаво изгледа. @Love 83, може и од тебе рецептче за тие прекрасни лиснати?
https://www.instagram.com/p/B-b-8R-JTmM/?igshid=we0koid26u2e Еве го рецептот,крем сирење зедов од Sirko преубаво е
Фалааа! Немам пробано такво. Јас правам печен чизкејк обично, ама никогаш не испаднал така совршен. Ова пробувам обавезно.
Готово лиснато е .Само го сучам,сечам коцки ,ставаш фил по желба и превиткуваш дијагонално нели за да добиеш триаголници . Притискаш на ќошевите за да не се отвара ,ама кај мене обавезно некои ќе се отворат . И на крај премачкуваш јајце ,сусам и ленено семе .