Прелесно се прави, само со мешање. Два садови од кои едниот сериозно го валкаш. Јас малку претерав со чоколадо ама муд е то ахахахха и место екстракт од ванила јас користам ванилин шеќер. Чоколаден леб од банана Состојки: - 2-3 презреани банани - 1/3 шолја стопен маргарин - 3/4 шолја кафеав шеќер - 1 лајче сол - 1 големо јајце - 1 лајче екстракт од ванила или ванилин шеќер up to you - 1 1/4 шолја брашно - 1/4 шолја неблаго какао - 1 лајче сода - 1/2 шолја сецкано чоколадо јас тука кладов чоколадо и пол Подготовка: Или со блендер или со вилјушка гмечи банатата, додај растечен маргарин и шеќерот и ги мешаш. Со се малку сол тука. Јајцето се бие па се додава заедно со ванилин шеќер/ или екстракт. Ако е шеќер можиш да додајш со суви состојки, ако е екстракт тука додај. Во другиот сад се додават сувите состојки: брашно, какао и сода + ванилин шеќер ако така ја ставаш ванилата. И ги мешаш и полека со мешање додаваш во течни состојки. Штом добро се измеша ставаш малку насечено чоколадо или ко мене колку шо имаш дома во моментот оти ти се јади нешто чоколадно. Се печи 50 минути до 1 сат, штом чукни 40-45 минути боцкај го гледја кога е испечено, нема фиксно време, на 175 степени.
100грама овесни снегулки 100грама пченкарно брашно 50грама ленено семе (мелено подобро зошто така се усвојува од организмот) 70грама суров сончоглед 70грама семки од тиква 1лажица чиа лажичка сол зачини по желба (јас ставам бибер, куркума и оригано) 2 лажици масло 250мл врела вода Се мешаат сувите состојки, се додава маслото и врелата вода. Смесата се префрла на хартија за печење и се истенчува (со водени раце или со сукало) до 0.5цм. Се печат на 160 степени околу 40-60 мин зависно од фурната. Кај мене со вентилатор се готови за 40мин. За полесно да се скршат ја засекувам смесата со нож пред печење.
Ако ги сакаш меки остави ги малце подебели и печи ги помалце време. Првиот пат ми испаднаа такви. Ама јас ги сакам крцкави па ги поправив вториот пат.
И да и не, горе треба да испука убаво за да се напрај, не треба да е течно, боцкај со чечкалица. Едино кај чоколатцата треба да е течно инаку не премеко ама не е нешто особено тврдо. Како обичен колач. Важно на чечкалица да не вади залепено.
Еве рецепт од тортата, мислам се убаво е објаснато https://www.mysticcakes.com/karamel-torta-sa-orasima/
3ипол чаши бело брашно (филџан од 200мл), 1 мала лажичка сода, 1 мала лажичка сол се мешаат. Се додава 1ипол чаша јогурт (исто од 200мл) и се меша тесто. Јас додавам и две лажици масло + сирови семки од тиква. Треба да е меко тесто. Не се чека да кисне. Се пече околу 40 мин на 200-220°, ако е во кружна тава се засекува накрсно, ако во калап како мојот, надолж.
Повели Хумус 250 грама наут 6 лажици маслиново масло 5 лажици таан 2 лажици сенф сок од еден лимон 1/2 лажица сол лук по вкус свеж магдонос по вкус Наутот се остава да кисни во вода,најдобро преку ноќ. Се вари 40тина минути, се цеди и лади. Се блендира се заедно, и по потреба се додава малку од водата во која се варел. .