1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти од Фемина Инстаграм

Дискусија во 'Рецепти' започната од Cakica, 27 јануари 2015.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.283
    Пол:
    Женски
    На irenna и kjukli им се допаѓа ова.
  2. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    34.451
    Пол:
    Женски
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ајронке и јас побарав рецепти погоре 4 а само од Ginger добив.Другите не.Исто имам побарано и од Mirandaa за капини тортата не добив.
     
  4. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    А, јас пак сакам да знам дали сите вие кои редовно барате рецепти, барем еден дел сте направиле од тоа. 8)

    Еве, за мене да си кажам. Дури пред некој ден приметив дека една девојка побарала рецепт за превртената торта со ананас уште пред неколку месеци, ама ете во многуте известувања, ми промакнало известувањето дека сум тагната во темава. Затоа девојки и да не добите веднаш одговор, трпение.:D

    Девојче, деновиве ќе го напишам рецептот, морам да го побарам во стотиците букмаркс, а ќе го дополнам и со забелешки и измените што ги направив.
     
  5. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Затоа и пак пишав за да видат може не виделе.Не е многу активна темата.Да сум направила некои рецепти ама сликите не дошле на ред да ги ставам.Еве денес ке го правам тартот со јаболки на @lunicka кој ми е побаран уште кога се зачленив.Па важно штом сум побарала имам во план да го направам.Не сум заборавила.Луничка нека очекува слика верувам многу вкусен ќе е , иако 2-3 пати ја замарав дали се пече во голем плех , мал и сл.
     
  6. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.948
    Пол:
    Женски
    Секако дека може тоа се руски капи еве рецепт http://sezahrana.tumblr.com/post/78594416215/recepti-ruski-kapi-i-ruski-bombici
    сакав да ги направам поинакви,јас додадов од мојот омилен фил еве рецепт и од него
    во 3 дл млеко се става пудинг од чоколадо, 3 лажички шеќер и 1 лажичка брашно и 3 жолчки додека е жешко се додава чоколадата која треба да се стопи во смесата.
    После шлаг и чоколаден прелив.

    Јас имам по 20-30 допаѓања и затоа не видов дека си барала рецепт иначе одма ќе ти напишев.
    Сега случајно видов дека си ми барала.
    Сл пат доколку не одговорам веднаш пишете ми порака, па ќе напишам рецепт тука да го видат сите.
     
    На Annath и IronLady им се допаѓа ова.
  7. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    34.451
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. Преубаво изгледаат :inlove:
    Можеби сега нема да ги направам, ама ќе бидат направени понатака.
    Би ти пишала ЛП, ама нема кај тебе започни разговор, сокриено ти е тоа :)
    Ти благодарам уште еднаш :angel:
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Лејди, досега не сум подготвувала канелони па сакам да те прашам, дали мора да се обарат прво?
    Зашто кога правам лазањи и други тестенини одма ги печам, не го обарувам прво...
    Ќе им лупнам томатело па нека се варат во рерна со томателото... Што мислиш, совет?
     
  9. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Мимс извини и ти Лејди што ке одговорам место тебе , оваа како да се мешам во секоја манџа ама бидејќи денес го читав рецептот и уште кога го објави го прочитав убаво види го цитатот.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Da, procitav ubavo no tuka ne gledam odgovor na moeti prasanje dali mora da gi obaram prvo, nemoze li direkno da gi pecam vo tecnost vo rerna?
    Taka da ne mi iskocat tvrdi, zasto me mrzi da gi varam prvo... Znam deka ona gi varela, ja prasyvam dali mora da se varat prethodno ili ne...
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Еве јас ќе ти кажам мое искуство. Јас никогаш не сум ги варела, само внимавам смесата со која ги полнам да не ми е премногу врела бидејќи така пукаат канелоните.
    Општо за сите тестенини е исто, не мора да се варат претходно штом се залиени со течност и секако ќе се печат.
     
    На Esmeralda-MD, Annath, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
  13. Mekuska

    Mekuska Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.301
    Пол:
    Женски
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Winter Lady им се допаѓа ова.
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Mims, добро ти кажала sesilija, може, ама и не мора да ги обаруваш. Јас знам и луѓе кои лазањите исто ги редат необарени, ама не знам, јас сакам да ги обарам ваквите поделебли тестенини „превентивно“, не ми се допаѓа кога ќе ми остане недоварена тестенина, па да ми крцка на заби, а не ги сакам ни преварени, како тесто, како брашно. Така што, ваша одлука е тоа, кој како сака да си го подготви јадењето. ;)
     
    На sesilija, Mekuska и mims-89 им се допаѓа ова.
  15. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    И јас како тебе Лејди ке ги обарам 2 3 минути доволно е сосема.Не сакам да ми се јаки.Ке купам денес канелони па се надевам нема да ме мрзи да ги направам :yawn:
    Инаку Сесилија те замолувам ако сакаш да споделиш ти по кој рецепт ги правиш другиот пат па твоите да ги пробам.;)
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @stetoskop повели: :)

    Штрудла со јаболки

    Потребно:
    • 1 коцка маргарин Кристал
    • 4-5 големи рендани јаболки (од киселките, да не се брашнести)
    • 500 g готови кори
    • ~200-300 g мелени ореви
    • шеќер по желба
    • цимет
    • шеќер во прав
    Ренданите јаболки се ставаат во тенџере да се испржат додека не ја сменат бојата и додека не испари сокот што ќе го испуштат. Потоа се додава маргаринот (се одделува од него отпрлика 50-ина g за други потреби, значи 200 g во јаболките ќе оди) и се пржи кратко, додека се добие еднолична смеса. Потоа се додава шеќер по вкус (минимум некои 5-6 лажици). При крај се додаат оревите и циметот (исто по вкус).

    Ќе си ги преброите корите. Пример, ако се 20, тогаш по 4 кори ќе редите една врз друга, но пред да ја ставите секоја од корите, ќе попрскате со стопен маргарин. На последната нема потреба, таму се реди филот. Филот се дели на 5 еднакви дела. Се става по должината на еден раб од корите и се витка ролна. Постапката се повторува за сите 5 ролни. Се редат во подмачкан плех и ролните одозгора се премачкуваат со стопен маргарин. Се печат на 180-200 степени (зависи од рерната) додека не добијат бледо-златна боја. Кога малку ќе се изладат, се сечат на парчиња. Одозгора се поросуваат со шеќер во прав и со цимет.

    * Мене ми се допаѓа овој рецепт, кој е делумно „склепан“ и од страна на мајка ми, затоа што обично ваквите работи знаат да бидат многу мрсни и да се попрскуваат/премачкуваат со масло, што не е случај со оваа штрудла. Од друга страна, крцкавите кори и мекиот фил совршено ми се надополнуваат.

    [​IMG]

    Пријатно есенско уживање! :^:
     
    На Lovely, Esmeralda-MD, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.434
    Допаѓања:
    165.375
    Пол:
    Женски
    @Winter Lady повели :*
    2 јајца и 5 филџани шеќер (се матат)
    1 шолја јогурт
    7 филџани брашно
    1 пециво
    2 филџани масло
    (едно од највкусните теста непечени кои ги имам пробано :$ )
    „Оргинално“ т.е. мама како што го има запишано рецептот е со праски, редени горе, јас до сега го имам праено со праски редени горе, праските еднаш ги измешав внатре во смесата.
    Претходно го имав напраено со јаготки, и ете сега со грозје (падна внатре онака го исшара лилаво :$ ) и јаготки со банана (бананата на „слепо“ ја клавав, не бев сигурна дека ќе излези добор ...)
    И грозјето напрајв грешка шо немав време да го дочистам, зошто се брзав за на факс, па можеше некогаш да се најди зрно- две :worried:
     
    На Annath и Winter Lady им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    @Luna91 извинито ти е за 'лошо исечените парчиња' :D

    Дај рецепт. ^_^
     
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Пандишпан:
    4 белки се матат со 150 грама шеќер. Откако ќе се стопи шеќерот во истиот сад се додава 150 грама мелени ореви и 1 ипол лажица брашно.Се продолжува со матење додека смесата не се соедини убаво. Се истура во плехче и се пече на 200 степени. Оваа постапка се поворува уште еднаш, за вториот пандишпан. Потоа се филува.
    Фил:
    12 жолчки се матат со 14 лажици шеќер. На оган во тенџерче се става филџан ипол млеко.
    200 грама чоколадо се вари на пареа и заедно со жолчките се додаваат во млекото.
    Кога ќе се олади филот се додава 250 грама путер, 300 - 400 грама нутела и се мати со миксер.
    Одозгора можеш да ставиш шлаг крем или шлаг пена. Јас ја премачкав со филот. :)
     
    На Annath, joy1, mimi**** и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Рецепт проверен и највкусен лично за мене @Winter Lady Еклери
    1чаша вода 300мл
    1/2чаша зејтин
    1чаша брашно
    1/2пециво
    Да зоврие малку да олади па се додава:
    5јајца едно по едно убаво да се впијат во смесата.
    Се пече на 250° без да се отвара 20-25минути.
    Фил:
    1литар млеко
    4лажици густин
    3лажици брашно
    10лажици шеќер
    2ванили
    1/2маргарин
    Се вари како пудинг.
    Прелив: 2чоколади со 5-6лажици зејтин да се стопат само, без да зоврие.
     
    На Winter Lady, Esmeralda-MD и Annath им се допаѓа ова.