50грама мелени бадеми 50гр таан 50гр мелено ленено семе 20грама путер од кикирики 1 зрела банана 30гр брусница 20гр кокосови струготини Бананата се блендира со таанот и путерот од кикирики, се додава во мелените бадеми, ленено семе и кокосот. Се додава брусницата и со влажни раце се формираат топчиња кои се валкаат во кокос и се ставаат во фрижидер да се стегнат. Од овие мерки излегуваат 9 поголеми топчиња(како на сликата). Немаат додаден шеќер, така да имај во предвид дека не се баш благи, можеш да им додадеш мед ако ги сакаш како десерт.
Здраво @minne992 , дали би сакала да споделиш рецепт од првата слика? Доколку е со готово тесто кое го користиш? ТИ благодарам
https://gotvi.mk/2019/08/18/baunti-torta/ Повели. Ептен лесно и брзо е, а превкусна е. Само најубаво е да отстои во фрижидер преку вечер.
Колачите: https://www.momontimeout.com/chocolate-chip-banana-cookies/ Гранолата е цела од око праена, накратко земав миксови од семиња и ги насецкав, им додадов сусам, суво овошје, јатки се така сецкано, да не е крупно скроз ама да не е мелено нели, и корнфлекс. Ставив растопен путер во кикири, 2 мин во микровална и мед и ги измешав. И се печеа. Мислам на 150 ги пуштив и то не знам важното е дека ги погодив, ако некогаш сакам пак не знам како ќе ги погодам ни сама. едит. и овес. обавезно овес.
Обично замесено тесто како за лепче И се отприлика. Брашно,квасец,вода,сол и шеќер. Сташува околу 1 саат,се размесуваат топчиња и секое топче се намрсува со малку зејтин и се расукува со сукало,да не е ептен тенко,ама да не е ни дебело. Се редат во подмачкано тавче и одозгора може било што. Јас ставав печеница,кулен и кашкавал. Пред печење се става малку маргарин на секоја пица и да постојат 10-15 мин. Многу убави и меки,слични на пастрмајлија ми беа на вкус.
Може секако 3 паковки бисквити, 2 пудинга од ванила, 100 грама бело чоколадо, и 100 грама црно чоколадо, малку маргарин (но и немора), и млеко. Прво ги вариш двата пудинга, потоа откако ќе се направат, ставаш во нив малку маргарин да се растопи, потоа пудингот го делиш на два дела, во едниот дел ставаш црно чоколадо а во другиот бело. Потоа земаш тавче, или било што за торта, и редиш бисквити претходно потопени во мелко, за да не бидат многу суви. Редиш бисквити па пудинг, бисквити па пак пудинг и се така. Редоследот на пудингот е твој, сакаш прво стави бел фил, сакаш прво црн фил, како сакаш така. Ако ја завршиш тортата со црниот фил, одозгора можеш да ставиш кокос, а ако ја завршиш со белиот фил, можеш да и ставиш рендано црно чоколадо. И на крај ја ставаш во фрижидер 4 часа. Брза, лесна и многу вкусна
Повели : 4 јајца ,1 шоља јогурт ,повеќе од пола шоља зејтин ,2 шољи брашно, 1 лажичка сол и 1 пециво . Внатре ставаш по избор нели ,јас имам сирење и сланина и мешаш се заедно . Кога ќе го ставиш во плех најодозгора рендам салама,подекоративно изгледа . Можеш а и не мораш. Се пече 20 мин .на 200 степени .