2 јајца и 12 лажици шеќер се матат со миксер. Потоа се додаваат 2 пакетчиња ванилин шеќер, 12 лажици млеко, 12 лажици масло, 12 лажици брашно, 1 прашок за пециво и 3 лажици какао. Овие состојки се мешаат рачно со маталката од миксерот. Смесата се турива во тепсија бр.28 и се реди да се испече. Откако ќе се олади, се попарува со 500мл млеко и 5 лажици шеќер, претходно зовриени. Значи тортата е ладна, а млекото е топло. На крај се става шлаг.
Повели https://www.coolinarika.com/recept/cheesecake-cizkejk/ Само јас место 600г крем сир ставам 300г останатото исто.
@Cherry blossom89 пудинг со литро млеко се вари. Се сечат на пола пп должина кроасани -6 комада . Јас најдоле.редам бисквити, врз нив пудинг, па кроасаните ,па пак пудинг. Имам калапче кое е со мобилни страници па кога ќе ги тргнам си стои како торта. Иначе, потребна ти е тава каде немораш ни ред да држиш со пудингот о кроасаните, туку едноставно нареди ги и полеј ги со врел пудинг. П.С...ако сакаш да можеш да го сечеш блашково, тогаш кога ќе го правиш пудингот, стави му две супени лажици нишесте за да испадне по густ. П1.С1...можеш при редењето да ставиш ред банани на крукчиња..или чоколадни бабанки.. Варијации, да не ти биде досадно. Лесна и вкусна
Повели мила: -Околу 400грама за нас двајца, свинско месо на покрупни коцки исечено и со рака измасирано, да одстои во сол, вегета, бибер, рузмарин и лажичка сенф (околу 1час стоеше додека јас сечкав зеленчук) -2 главици кромид исечкан -2 зелени пиперки исечкани -2 поголеми моркови на покрупни кругови исечени -2 чешниња лук -1 поголем патлиџан исечкан на ситно - околу 150 мл. пиво Скоро цел рецепт беше готвен на 3ка до 4ка јачина од шпоретот. И траеше од 2ипол-3ипол часа подготовка на тивко. Најпрво кромидот се пржи во подлабоко тенџере со масло, да омекне. Додаваш пиперки и промешуваш со дрвена лажица. Потоа и тие омекнуваат па ги ставаш морковите. Околу 5мин се пржи и го ставаш месото. Пржиш околу 10-15 мин со повремено мешање. Ставаш пиво, затвараш капак и повремено мешаш, околу 40тина минути така. По секое мешање капак затвараш и не се плаши нема да истече бидејќи е на тивок оган. Потоа со решетка ги вадиш морковот и кромидот и пиперките и на блендер ги блендираш. Месото во меѓувреме го враќаш со 1 ловоров лист и со својата водичка околу чаша ставаш топла вода, па си врие, мешаш и ако намали водата, пак доставаш топла вода. Течност треба да има околу 1 прст над месото. Ги ставаш лукчињата цели, несечкани и патлиџанот. Малку да омекне и него го вадиш и го блендираш. Ги враќаш изблендираните работи кај месото, ако е многу густо доставаш вода и се крчка се додека месото не се распаѓа како на конци. На крај зачинуваш со сол, вегета, бибер, 2 лажици црвен мелен пипер, сушен магдонос. По вкус додаваш зачини колку сакате. И толку. Се извинувам на долгиот опис, сакав детално се да објаснам, многу време и љубов му посветив и беше преубаво јадење.
Фала ти. И фала ти за деталниот опис, јас така сакам се објаснето да емногу убаво изгледа, мора да се проба. На здравје да ви е
Фала, верувам дека ќе го погодиш, колку подолго се вари-повкусно е. Чекам импресии, кога ќе го подготвиш