Купечки кори се. Денес правев пица бурек, на 3та кора мачкав кечап и ставав сецкани шунка и кашкавал. Многу е вкусен
А попрскувањето на корите за пица бурекот го правеше исто со газирана вода,јогурт,зејтин и пециво или..?
Да, се според рецептот. Прво ги попрскувам трите кори, на кои краевите им се надвор од тавата. Питоа редам 1 кора - попрскувам, 2ра кора - попрскувам и 3та кора ја попрскувам и редам фил(мелено месо, урда или пица фил). Потоа така додека има кори. На последната кора не се става фил, само се прска од смесата, се затвара со краевите и пак се попрскува. Рерната ја уклучувам кога сум при крај на правењето на бурекот. Се исто според рецептот, независно од филот за бурекот. Оечев точно 45 мин на 180 степени. Јас го печев во 28ца, претходно убаво намрсена со зејтин
Ти а правеше или не ако е правена отебе ќе те замолам ако може рецептот да ми го кажеш, ми изгледа вкусна тортата. Фала
Коцки со кокос -2 пакетчиња кокос(обичен мелен) -пола литро слатка павлака -ванила една кесичка -замрзнати малини една кеса -400гр црна чоколада(или млечна, јас преферирам темно оти ми дава побогат вкус) Хоплата ја вариш со ванилата, да проврие и да се згусти малце па ја полеваш врз кокосот и правиш смеса како за бомбици. Натапкуваш во сад и ставаш во замрзнувач пола час додека спремаш глазурата. Јас некогаш ги правам и како бомбици полесно ми е, сега пробав како коцки. Ги блендаш малините без течност убаво да се иситнат(кога правам бомбици ставам свежа малина во средината) Вадиш од фрижидер и ги ставаш малините врз кокосот, и полеваш одозгоре со растопена чоколада( ја топам на пареа, некогаш со путер некогаш со малку хопла, кога е со хопла не замрзнува скроз туку доаѓа како сос) И преку ноќ ставаш да се стегнат, ги вадиш после неколку саати сабајлето, оставаш да се опуштат и ги сечеш. Јас ги чувам пола во далабоко пола во фрижидер, поубави се опуштени и помеки. Коцките од урми -15 урми( од тие од кам у кутија, голден) -кесичка мелена плазма -една шака мелени бадеми непечени+ за горе мелени лешници и бадеми микс -домашна чоколадна гранола(јас сама си ја правам со јатки и какао ама може и купечка) изблендирана ситно како мелената плазма -пола канче путер од кикиритки, околу 100гр. -200/300гр чоколадо темно или млечно Урмите потопени у вода пола саат, се вадат и се блендаат со путерот и малку од водата што беа потопени. Требад се добие леплива смеса како тесто. Се меша со остатокот од сувите состојќи и се прави смеса убава мазна, смесата се натапкува у форма на правоаголник и се става пола час у фрижидер( не длабоко) Се прави исто глазура како предходнта, се вади смесата се сече у вид на чоколатца и се потопуваат во глазурата, се декорира по желба. Се става околу час во длабоко, ама не многу, убави се кога се чуваат во фрижидер, да се ладни ам не замрзнати. Јас ова го правам многу често, здраво е, заблажува многу дека урмите се ептен благи и заситува од едно парче, често и како бомбици ги правам.
Извини . Јас за благите мислев . Повели : 4 јајца ,1 шоља јогурт ,повеќе од пола шоља зејтин ,2 шољи брашно, 1 лажичка сол и 1 пециво . Внатре ставаш по избор нели ,јас имам сирење и сланина и мешаш се заедно . Кога ќе го ставиш во тавчето за мафини одозгора ставаш што сакаш ,за украсување. Можеш а и не мораш. Се пече 20 мин .на 200 степени .
@happygirl рецепт за динстаниот бифтек и инфо дали пржениот ослич ти е со лупена кожа или цел го пржиш? Одамна сакам да испржам ама ми е шубе дека ќе остане жив, па само во тава печам....
Ајде @BabyT* намести се во кујна Прво се спрема меленото месо,500гр е доволно за 6 тортиљи. Се пропржува на нелеплива тава,со кромид,па се ставаат зачини по желба и доматен сос 100тина мл,па се меша дур не испари целата течност. Сега идат на ред тортиљите. Во загреана тава(на пола од вкупната јачина)се става малку путер да се растопи,а врз него тортиља,на чија половина се реди рендан кашкавал(оригиналот е со чедар,но било кој кравји што се топи ке заврши раб),па мелено месо,па пак кашкавал,и се преклопува на пола.Се покрива со капак 1 мин,па се превртува од другата страна да зарумени,овој пат без капак.Околу мин-две треба за една кесадиља да се испече,или ке видиш кашкавалот штом се растече Ке ставаш по малце путер за секоја,бидејќи го впива брзо. Одат супер со салса сос,авокадо и павлака. Може да се прават со пилешко,или веге варијанта со црвена пиперка,пченка,маслинки и кашкавал. Еве го @FreeMind Ти чинам не јадеш месо.Направи си со vegi gehacktes
Тоа со тортиљите како ги преклопуваш ме интересираше. Гледаш јас никад немам путер ставено ниту поклопено. И ми искачаа некако суви и кршливи. Никад не им го фатив трикот. Фала ти. Живи суштества не ставам во тортиља али ќе ја наредам за мерак. Ти благодарам за предлогот али штом ги видам хаферфлоке веднаш ми се одјадува во се ги бутаат
@FreeMind да,до путерот е,премачкувај со силиконско четче за секоја посебно,и капакот не го заборавај.Само за едната страна.