Не е песто,брокула е. Се сече цела брокула на парчиња,па се меле во машинка и само во врело тавче ставаш макарони и од брокулата и мешаш малку колку да попржиш. Ставаш сол,вегета по избор можеш и црвен пипер да ставиш,малце бибер или пак да направиш запршка. Убаво е,подобро од песто дури.
Превкусно изгледаат мафините, дали би сакала да споделиш рецепт. Никогаш волку многу не ми се надигнуваат на мене. И како ви остануваат парчињата чоколадо најгоре? Јас кога ги правам од тежината паѓаат на дното.
Леле, па и вакви модли имам ама дека пишува на нив за пудинг, не знаев дека може да се пече во нив, многу ти благодарам А колку ги полниш калапите? Како за мафини отприлика 2/3 од калапот? Бидејќи има пециво ќе се кренат малку нели?
и мене ми беше страв. Ама печев на 180 и никаков проблем немав. Само под нив стави додатна некоја тавка за печење
Го имам јадено, само може од лососот ми се причини ко од зелена пиперка да е правен, а таков немам видено по маркетите.
https://moirecepti.mk/post/тулумби-2 Има и видео рецепт. Краток и јасен. Мене 250 гр брашно ми беше кусо па си додадов. Немам шприц , не ми се одеше во Базаро па решив да ги правам обични топчиња, со лажиче. И она зејтинот при пржење да е средна.Т не е баш така, од 1 до 6 на 5ка ги пржев. Едноставни и вкусни.
https://www.instagram.com/tv/CBqpHC7HIag/?utm_source=ig_web_copy_link Еве го, чекор по чекор. Само мало дообјаснување, околу печењето многу зависи од рерната индивидуално, кај некои можеби треба да се печат минута две подолго.
Сунѓер торта со лимон Потребни состојки: 140 g брашно (просеано) 135 g путер (убаво омекнат на собна температура) 120 g шеќер 3 јајца прстофат сол 40 ml сок од лимон, свежо исцеден (доколку не ти се допаѓа лимонот може да го замениш со butter milk) рендана кора од еден лимон пола лажичка прашок за пециво 1/4 лажичка екстракт од ванила или 1 пакетче ванилин шеќер боја за торта за пената: 1 белка од јајце (собна температура) 2 лажици шеќер Се пече во квадратен калап (мојот е со димензии 18х18 цм). Постапка за подготвување: Во подлабок сад се ставаат омекнатиот путер, шеќерот, кората од лимон и ванила екстрактот и добро се мешаат со шпатула или жица за матење да се соединат. Се добива смеса како мека паста. Потоа се додаваат јајцата едно по едно, на секое додавање добро се меша да се соедини смесата. На крај се додава брашното, прашокот за пециво, сосема малку сол и сокот од лимон и добро се промешува (ако ти изгледа дека се згрутчува смесата, тоа е поради киселоста, не паничи ). Вака подготвената смеса се дели на два дела: во една третина од смесата се додава зелена боја (јас користев гел бои и додадов и трошка црна за да испадне потемна). Се истура во калап за печење обложен со хартија и путер и се пече во загреана рерна на 160 степени околу 10-12 минути. Во останатиот дел од смесата се додава жолта боја; и тој се пече на 160 најмалку 15 минути (провери со чачкалица). Кога ќе се испечат двата пандишпана се оставаат 5 минути да се изладат и потоа се вадат од калапот и се оставаат целосно да се изладат пред да се склопат. Врз жолтиот пандишпан се става лажица џем, мед или каков било сируп, па врз него се става зелениот. Ако сакаш пореален изглед, со ребраст нож засечи го површинскиот слој на зелениот дел (а и не мора). Исечи ги правоаголни да изгледаат како сунѓерчиња. За пената, една белка од јајце се мати 3-4 минути со постепено додавање шеќер. Не треба да се добие многу густа смеса, туку да изгледа како пена. Притоа се користи само горниот слој за сервирање, со лажица земи само од пената, не од долниот дел. Ако имаш нешто нејасно, пиши. Се надевам разбирливо го објаснив. Bon appétit