Сега ќе има. Спојлер: Рецепт Пандишпан: 6 jajца 200 гр шеќер 120 грама истопено чоколадо 30 гр. какао 95гр. брашно 1 лажиче инстант кафе малку сол. Прелив од цреши: 500 гр. цреши 100 мл.сок од цреши 2 лажици вода 1 лажичка нишесте 70 грама шеќер Фил: 500мл. хопла екстракт од ванила Се чистат семките од црешите и се потопуваат во сок од цреши, 30тина минути до еден час. По правило се користи ликер од цреши, ама јас немав и и ги потопив во сок, и плус малку жесток алкохол. Се матат 6 белки со постепено додавање на шеќерот. Жолчките се мешаат со стопеното чоколадо, па ги додаваме во изматените белки. Се меша со лажица додека не се соедини, па во смесата се додаваат и останатите суви состојки. Смесата се истура во тавче (20 см.) и се пече. Црешите се цедат, а течноста ја чуваме настрана. Исцедените цреши ги ставаме во тенџере на оган заедно со шеќерот, нишестето и водата. Оставаме да зовријат и мешаме 10тина минути. Изладениот пандишпан го сечеме на три дела. Во меѓувреме се мати хоплата со екстракт од ванила. Секој дел од пандишпанот се премачкува со течноста од црешите, со изматената хопла, и потоа со преливот од цреши. На последната кора наместо фил и прелив од цреши, по желба се истура стопено чоколадо.
Пилешкото за тројца 500 гр. Од вечер се прави. Се сече на ленти и се става во.длабок сад. Се сече кромид на тенки месечинки. Се додава 2 лсжици кисело млеко. 4 лажици обично млеко. 4 л. Зејтин 2л јаболков оцет Вегета, бибер и мајчина душичка. (Зачиниве по желба) Се витка во фолија и цела ноќ во фриз да стои. Утредента на хартија за печење се става и се пече околу 40 мин.При крај кога ќе испари течноста, се буричка, му се додава малку зејтин и се остава да прокрчка. Нема промашај рецептов.Месото е сочно и ароматично. А лепчињата исто тесто како за леб. Немам точни мерки, се е од око. Единствено ,треба да е месено НА МЕКО дури да се лепи за раце.Да се дигне тестото, се прават топчиња. Од секое се сука кругче колку што е тефлонското тавче.Тавчето со две капки масло се намачкува и се става кругот тесто. Се пече како пишија и во текот на.печењето се дига горниот дел, се прави како топка. Се.редат една врз друга и се виткаат со најлон за да се упурават. @Kimberly11
Секако, повели Спојлер Пандишпан: 2 јајца прстофат сол 70 гр. шеќер 70 гр. мелени лешници 1 лажица какао Тесто за бисквит 60 гр. путер 50 гр. кафеав шеќер половина лажиче сол 50 гр. мелени лешници 60 гр. брашно Кранч 40 гр. чоколаден корнфлекс 100 гр. Нутела или било каков кафеав крем Мус 150 гр. чоколадо 120 гр. слатка павлака 150 гр. Нутела или било каков кафеав крем 8 гр. желатин 30 мл. вода 360 гр. слатка павлака Чоколадна глазура: 120 гр. чоколадо 140 гр. слатка павлака Се матат двете белки заедно со прстофат сол. Постепено се додава шеќерот додека не се добие цврст снег. Со мешање со лажица ги додаваме жолчките, потоа мелените лешници и какаото. Се пече во тавче бр. 20. Се мати путерот со кафеавиот шеќер и малку сол додека не стане кремаст. Ги додаваме останатите мелени лешници и брашното па добиеното тесто го развлекуваме на хартија за печење и го печеме додека не добие златна боја, па се остава да се излади. Откако ќе се излади бисквитот, го кршиме па го рониме и во него се додава чоколадниот корнфлекс заедно со Нутелата. Ваквата смеса рамномерно се нанесува врз изладениот пандишпан и се става во фрижидер да се стегне. Во меѓувреме 150 гр. чоколадо со 120 гр. слатка павлака се топат на пареа, па им се додава остатокот од нутелата. Настрана во сад го истураме желатинот и го залеваме со 30 мл вода, па се остава да набабри 5-10 минути. После тоа го загреваме на тивок оган да стане течен и го истураме во истопеното чоколадо. Настрана се мати остатокот од слатката павлака и во неа се додава смесата од истопено чоколадо. Се добива мус кој го истураме во тавче над пандишпанот со кранч. Одозгора се истура чоколадна глазура која се спрема на пареа. За декорација јас употребив сечкани лешници и некое бадемче што ми имаше останато.
Маж ми не јаде благи торти. Јас ставив само шеќер во јајцата, 4 лаж. Толку. Се друго е нутела по 3 лаж. И не е блага. Јас вака ги праам сите торти кратам многу на шеќер. Стави само во јајцата 3 4 лаж. Во пудинг не ставај. Не ставај во ништо. Само нутела. Ептен е убава.