600 гр брашно 1 сув квасец 7лажици маслиново масло 1 лажичка сол 1 лажица шеќер 300 мл млака вода Мене малку повеќе од 600г брашно ми отиде, се лепеше доста тестото. Ќе видиш дали треба повеќе од оваа грамажа. Саат време го оставив да нарасне. Половина тесто го ставив во фрижидер од вчера, и денес многу поубаво беше за работење дека отстоено на ладно.
Да Јас направив две големи пици во голем плех (не знам број) со ел.шпорет што одат, и уште една мала. Во средни плехови и 4-5 ќе излезат.
Нема рецепт, протеински прашок мешаш со вода или млеко и пржиш Другото е по слободна волја... а пробај вакви плус младо сиренце одозгора Јас мојот од ДМ го купив и е као демек специјален за вафли и палачинки (од тел сум, qnt protein for waffles and pancakes) ама и со обичен имам праено и се супер Др варијанта, јајце, банана и протеински прашок, пасираш и пржиш. Ако пробаш, да кажеш
Фала, а сооднос течност- прашок? Или според густина на смеса за обична палачинка? Ама пак ми треба некаква мерка на мене.
Е немам мерка, според густината ќе додаваш по малку млеко и ќе матиш. Малку погусто од нашиве палачинки ама да не биде течно како млеко. Многу е лесно, нема шанси да утнеш.
Еве рецепт, префрлив тука во соодветната тема SR flour е саморастечко брашно, ама ќе си ставиш пециво @SofiMar_ поздрав и фала за рецептот, втор пат го правам и превкусен е
Квасец, малку шеќер, 2лаж.масло, брашно и вода.. Може и пица...јас со остатокот од тестото направив пица вчера
За помала доза може да ставам пола квасец со 500гр брашно? Колку време стасува и колку пати? Не сум вешта со тесто, па затоа не знам...
Може со пола. Јас немам време многу да го чекам па еднаш стасува. Иначе убаво е и 2 пати ако имаш време.. Стасува додека не стане дупло поголемо тестото Иначе откако ќе го развлечам и наредам, го оставам 10тина мин да одмори тестото..така уште малку стасува.. Послатки ми се краевите така Се развлекува со раце од внатре према надвор без да ги сплескаш краевите.. се надевам ме разбра Што не е јасно слободно прашај.. Е да.. Заборавив на лажица сол, откако ќе се активира квасецот се става, немој како јас првиот пат што сплескав се внатре
Се те сфатив, освен последново со солта Јас наеднаш се ќе ставев... Како да активирам квасецот? Ваљда во чаша со вода, па после се мешаш...
Стави во еден сад квасец вода и лажица шеќер.. и така ќе го активираш. А сол стави во брашното Ќе ти умре квасецот од солта, шеќер му треба за да се активира