Утре ќе правам, ако го бидне ќе закачам слика Фала ти на бесплатниот онлајн курс по бели пецива, ама навистина секоја слика ти пука од сочност, убавина, компатибилност...
@Dust еве суммм, испаднаа вкусни, иако направив пола доза а имав повеќе мастраф спремено. Мана е што искочија тенки но следен пат ќе имам повеќе осет и за доза и за "тегнење" Фала на рецепт
Потребно: 300г биксвити 200г АБЦ крем сирење 2 лажици шеќер во прав 1 слатка павлака од 500мл 200 г мелена плазма 200 г малини 2 лажици несквик или какао малку млеко Слатката павлака ја матиме со миксер заедно со шеќерот во прав. Во друг сад со миксер го матиме крем сирењето кратко, па ги соединуваме со павлаката. Смесата ја делиме на три дела. Во првиот дел додаваме 150г мелена плазма. Во вториот дел малини. Во третиот дел несквик или какао. Во еден сад ставаме млеко. Бисквитите кратко ги потопуваме во млекото и почнуваме да ги редиме. Јас ги редев на правоаголен послужавник. Бисквити-прв дел фил, бисквити-втор дел фил, бисквити-трет дел фил. Малку фил треба да остане и за одозгоре да се премачка, не е грешка и само слатка павлака да е. Посипуваме уште малку мелена плазма. Готова е за 15мин Идентичен вкус со чизкејк.
Ги рендам тиквиците и ги оставам да се цедат. Матам 3 јајца, додавам урда 400гр, сол, бибер, вегета, куркума, 3 лажици брашно. Во ова ги додавам и тиквиците и мешам се. Во тавче нанесено со путер, па набрашнето ги истурам и печам 15мин на 200 степени. Рендам одозгора кашкавал, потпечи ам уште 10мин и готови се.
Потребно е: 150г шеќер, 125 мл масло, 100 г мармалад, 1 ванилин шеќер, 200 г брашно, 1 лаж. пециво, 1 сода, 50 г какао и 250 мл јогурт.Може и малку лимон да се додаде.Сето тоа се меша и се става на печење. За преливот одозгора, по 3 лажици какао и шеќер и по 4 масло и млеко, се загрејуваат и растопуваат само заедно, па на крај откога малку ќе се олади колачот се става. Инаку колачот се пече на 180 степени околу 20-25 мин.
Прво ги изрендав тиквичките и ги оставив да се исцедат малку. Во меѓувреме изрендав морков, лук и кромид. Сето ова го додадов во тиквичките. Се става едно јајце, пченкарно брашно, јас ставив и малку палента и зачини по желба (јас ставив сол, бибер и вегета) и се меси убаво да се соедини се. Ако ти е многу водесто ќе додадеш од брашното. Потоа се формираат топчиња со раце, се сплескуваат и се пржат во врело масло. Не им треба многу пржење. Многу се вкусни.
http://hitkujna.com.mk/kolach-so-praski/ Од прилика вака Јас појќе од око го правам. И 4 јајца ставам, скоро па дупла доза му иде. Овој пат брашно ми фалеше, не ми се отвараше вреќа, па ставив и гриз малку. Не се ни осеќа