Moже Повели : 5 белки се матат со 150гр.шеќер. Се додава 2 лаж.брашно и пола пециво.Се пече . Кога е готов пандишпанот се полева малку со течноста од ананасот и се редат парчиња ананас (јас користев од конзерва ). Врз нив се става чоколадна глазура од 120 гр.чоколадо и 200 мл.хопла (на тивок оган додека се стопи чоколадото ,не да врие ). Оставаш да се стегне . Кога е стегнато ,се сече на два дела . Фил: 2 пудинга од ванила се варат со 500мл.млеко (јас ги варев во сокот од ананас и имаше одличен вкус ).Додека е топло се става една бела чоколада . Жолчките се варат на пареа со 150 гр. шеќер во прав да се згуснат . Двата фила ги соединуваш со 150 гр изматен маргарин . И филуваш кора -фил ,па пак кора фил.Најгоре имам шлаг со вкус на ванила .
@Sexybaby86 Киснат зелник е - 500гр. брашно -2/3 квасец -2 лажици зејтин -Сол Ова е за помала доза. Се меси тестото и се дели на 5 топчиња, ги оставаш 15мин да 'одморат' и потоа сукаш кора, помеѓу секоја кора прскаш масло и филот го ставаш. Моето е со праз, блитва и урда. Откако ќе ги наредиш сите кори го оставаш да кисне 30 минути. Се пече 20-25 минути на 200степени и е мекичко и превкусно. После печење пред да го вадиш се премачкува со мешавина од зејтин, сол и вода за горната кора да биде крцкава.
Не ми текнува каде е темата за рецепти, па овде да прашам. Предобро изгледа ова со наутов, ако сакаш да споделиш како го направи
Може рецепти? Не сум ја посетила темата многу одамна, кое од кое послатко се собрало . @♡BuBaLe♡ те цитирав за рецепт за американските палачинки.
Обид за fluffy pancakes и супер дојдоа. Во основа рецептот е како и за класичните, плус има прашок за пециво, а тајната била во матењето на белките. Рецептот кој го пробав јас е следен : 150 гр брашно 1 лажичка прашак за пециво 2 лажици шеќер 1 ванилин шеќер Во друг сад се мешаат 2 жолчки 2 лажици масло 180 мл млеко Во друг сад се матат 2 белки со прстофат сол Во брашното се додаваат прво жолчките а на крај лажица по лажица се додаваат белките и нежно се вмешувааат во смесата. Се 'пржат' на тивко, најдобро на нелепливо тавче. Уште подобро е да е во помало и подлабоко и да се покриваат со капак, така ќе бидат уште повисоки. Како за прв пат, супер се. Со мед, џем или крем