Сонце, тортата премногу е лесна ем за правење ем уште полесна за јадење. Вака, корите се од Винчини, ги има во секој голем маркет. Корите ги попрскав со рум и шербет. Два фила, чоколаден и бел. Млеко 1 кг. 4 јајца. 350 грама шеќер. Какао 40 грама. 30 грама густин. 60 грама брашно. 150 грама маргарин. Постапка - Јајцата се матат со маталка ( за палачинки) се меша заедно со шеќер, се додава брашното, густинот и добро се промешува и се додава дел од млекото, околу 200 грама, за да се соедини добро смесата. Смесата се дели на два дела, во првиот дел се става какаото и на оган постојано се меша и се додава другите 300 грама млеко што значи дека во двата фила се става по пола кг млеко. Кога е веќе згуснат кремот се додава 70 грама маргарин и пола чоколадо за готвење. Постапката за белиот фил е иста само што во него се додава бело чоколадо и екстракт од ванила и маргаринот. Кога ќе се олади го уработуваш филот со миксер. Одозгора го украсуваш пи своја желба. Чекам детали деновиве.
Секако 500гр брашно,еден сув квасец,лажиче сол,малку шеќер,и околу 400 мл вода(ке ставаш полека оти секое брашно прима различно),плус семки по избор. Се работи со дрвена лажица,тестото не се меси воопшто. Прво се мешаат сувите состојки,па се додава водата полека.Смесата е потечна и леплива.Се остава покриена минимум 3 часа,идеално преку ноќ. Откако ке стаса,се истура на многу набрашнета површина и внимателно се обликува без да се истиснат меурчињата.Во меѓувреме се загрева рерната на 200 со сад за печење со капак внатре. Обликуваното лебче внимателно се префрла во садот,притоа горната страна да биде на дното од садот,обратно. Се пече 20 мин со затворен капак,па уште 20 со отворен,или додека не добие светло кафена боја и звук како шупливо.
@flower30 Може ли рецепт за мекиците? Знам дека ти ги фалеа ама не можам да најдам кај има рецепт. Тенкс
Повели * Брашно (јас ставам 5 шољи од Браво кафе, така мерам), * 2 прашок за пециво * 1 кисело млеко * 1 лажичка сол * прстофат шеќер * 2 јајца * малку зејтин (1-2 лажици) Киселото млеко пред да го отвориш го размешуваш, го протресуваш. Кога ќе го истуриш, додаваш малку вода колку да го измие остатокот од млекото и го додаваш во брашното. Потоа ги ставаш сите состојки и месиш тесто, помеко тесто. Се остава да отстои 30 - 45минути. Потоа со намрсени раце земаш тесто, големина колку едно јајце(така мајка ми ми објасни посликовито ), го растегнуваш со раце, потенко да биде и пржиш во загреан повеќе зејтин . Брзо се прават и се вкусни многу.
Ок. Ќе го барам Божем пролистав назад неколку страни, па не го видов.Ќе барам пак. Едит: Видов, одма погоре бил А неколку пати прелистав
@eli.karameli Крцкав Браунис 150 грама шеќер 200 грама путер 2 чоколада за готвење Голема шолја шеќер(или јас ставив мед 3 лажици големи) 3 јајца 3 лажици какао Екстракт од ванила Растопеното чоколадо со путер, го измешав со јајцата, шеќерот и на крај брашното. По желба во смесата додадов, урми,суво грозје , мелени ореви и две лажоци путер од кикирики. Целото се иатура во намрсен плех или на хартија и се пече 20 мон на 180 степени Се става во фрижидер околу 2 часа да отстои
Купечки е имаш во тинекс , фурна диме се викаат. Има неколку вида сите се без брашно. Кратко им трае рокот и тврдички се ама мн подобра опција од обичен леб