https://sezahrana.mk/домашни-посни-лепчиња-без-масло/ Јас ги валкав во мешавина од сончоглед и сусам пред печење
Фала ти Повели, лепче за гиро 400 гр. брашно 80гр маргарин 1 лажичка сол 1 прашок за пециво 250 мл. топла вода Се ставаат сувите состојки и потоа и водата и маргаринот. Се замесува меко тесто и се остава да отстои 30 минути. Се дели тестото на 6 дела (јас и на 8 дела поделив). Се сука секое топче потенко и од пишии(така пишуваше во рецептот) . Се пече во тефлонско тавче подмачкано со малку зејтин. Се пече 2-3 минути од двете страни.
Извинете што сум неупатена, сакав да прашам - каде ги објавувате сликите? Тука се цитираат, но каде оригинално се објавуваат?
Се матат 3 јајца со едно кафено лажиче сол. Па се додаваат чаша јогурт, чаша млеко и еден филџан масло. Се меша сè заедно, па во тоа се додаваат постепено сувите состојки: чаша бело брашно, едно пециво и две чаши пченкарно брашно. По желба се става сирење или нешто друго. Се турива во тавче бр.24 и се пече на 220 степени.
https://nmd.mk/kolach-so-jabolka-i-...va-sochen-se-topi-vo-usta-odi-se-po-1-chasha/ Odozgora premackav so djem od kajsii ,plus rendani orevi . dava ubav shmek
Околу 500 грама мелено месо го зачинив со бибер, сол, црвена пипер, веѓета и малку кари и маслиново масло и го измесив убаво со раце и го оставив да стои 2 часа а најдобро е од вечер да се спрема. Надробив една голема главица кромид и неколку чешниња лук, обликував мали ќофтенца и ги ставив заедно да се пржат на пониска температура. Кога добија убава боја ќофтињата додадов 1 лажица брашно потоа турив 500 мл сос од домати (Мојот беше домашен) и вода околу 200 мл и зачини. И на тивко се крчкаше околу 40 мин или додека испари водата и се згуст. Повели
Ех мехико фуд Карфиолот прво го потпеков, после го потурив со bbq сос и го остајв да се допечи. А другото е тиквица, патлиџан потпржени ама пак крцкави оти во то расположение бев. После ситно сецкав домат, пиперка, кромид и ко ќе се излади горното го мешаш и иди како салата. И то е то, тортиљата насеков и потпечив да загори за макање, и клаваш од се на неа и како бродче happily apply to face.