Многу едноставно и брзо. Исечеш по должина црниот домат, премачкаш со мас. масло и тревки ( по избор ) печеш кратко на 200 C да се заруменат малку, правиш фил како сакаш ( моево е со сечкани тиквици, домат, модар домат ) и зачини по желба - јас ставам босилек, мајчина душ. лукче и оригано. Јас го запржив малку филот и му додадов мас. масло и козјо сирење за да се спои смесатата. Филуваш тоа кришките од модриот домат и прелиеш со доматен сос. Многу кратко се потпекува, зошто веќе е зготвено сето - околу 10 мин, горе - доле.
И мене исто, само вака можам да го јадам. Има и други рецепти за тофу кајгана со помалку состојки, ама после 2 години разни обиди мене вака ми е највкусно: Прво пропржуваш малку кромид, чешне лук и отприлика пола домат со средна големина. Кога ќе омекнат го додаваш тофуто. Тофуто прво треба (со раце) да го згмечиш (не знам како да објаснам подобро), додека не заличи на кајгана. Го додаваш во тавата, заедно со малку млеко (четвртина чашка, јас ставам бадемово). Додаваш 1-2 лажици нутритивен квасец (јас ставам повеќе, ама пробај и види колку ти се допаѓа), сол, разни зачини (јас ставам куркума, бибер, црна сол, пипер и лук). И пржиш неколку минути додека не се соедини се. И на крај ако сакаш можеш да додадеш печурки или некаков друг зеленчук. И тоа е тоа. Рецептот е approved и од невеган и му се допадна бидејќи често сум обвинувана дека јадам чудни работи.
Фала ви на двете! Оф тофу бар вака да ме бендиса. Бар вака. То приоритетно ќе ми е за купвање само да набавам нутритивен квасец. Не е тема за то, ама кај можам да најдам убав? Аптека? Продавница? Макар и Ск да е ќе нарачам по некој оти Бт немам сретнато.
Не знам дали има Био космос продавница во Битола, ако има побарај. А во Скопје има и во Веро, ама не во сите. Најчесто наоѓам во Веро 2.
Мхм фала ти! Баш ќе видам во Веро или евентуално Дм, ако не најдам кога ќе си иди брачеда ми ќе ѝ нарачам па ќе пробам тофуто.
Се плашев дека некој рецепт ќе побара за ова. Се од око е. Прво запржив кромид да се карамелизира и ситно сецкан сејтан. Можи околу пола кромид влезе, 2/3 тегличка сејтан од оној од биокосмос. Им додадов зачини пред да додам другите работи: сол, пипер, буковка, зачин за пилешко ( микс од зачини е така се вика) и магданос малку ама тука сув, покасно свеж, ептен различен вкус ми имаат и често двата ги користам. После додадов сецкан зеленчук, не преситно: домат, грав, печурки, грашок, пченка. Околу еден цел домат, скоро 3/4 конзерва грав и околу три лајци грашок чисто оти немав многу, и ... скоро цела пченка онака ... од како и да се вика то, ја сечев. Паковање печурки ставив маринирани. Му насецкав свеж магданос внатре ставив и после остајв да крчка заедно со пола паковање доматен сос, можи и беше поќе од пола, од 500мл ми е паковањето. Турив од око bbq сос, можи лажица. Испрскав чили сос, малку кечап и пак зачини, истите од погоре, плус чили, плус малку оригано, пробваш да видиш како те бендисва, се е од око. И после го оставаш да крчка дур се згусни течноста и штом се згусни земаш калап за торти. Зато и мора со големи тортиљи ради калапот, најдолу тортиња, слој од сосот шо сега е згуснат, скроз малку рендан кашкавал онака сегде да има ама да не е премногу оти можи ептен да влијај на вкусот. Чувај го за најгоре дебел слој. Јас земам еден од продавница за сирења ептен солен кашкавал така да ова е многу солено јадење и препорачувам некое солено сирење или солен кашкавал. И после така редиш и кога ќе стигниш на последен слој прскаш кечап и ставаш многу кашкавал, за да потпечи. На 200 степени пуштив долу, околу 15 минути беше внатре, поќе е за кашкавалот да се стопи и потпечи ова, пошто смесата е зготвена, на тортиљите не им треба многу. Вкусно е и топло и ладно, то оставам на тебе. Не е тешко за праење само се е од око. Искрено има шанси уште нешто да имам ставено, а да не памтам често ми се случва, отворам фрижидер и ставам то шо мислам дека ќе оди добро заедно. Ако ми притекни нешто ќе се самоцитирам. едит. Сејтанот е замена за тофу/ месо/ било каков соин продукт така да ако јадиш месо комотно стави мелено. Оргинално кога прв пат го пробав надвор рецептов беше со мелено месо али низ годините си го адаптирам по мое и со работи шо имам во фрижидер ама идејата е истата.
Поминав покрај патлиџано па ми текна, имав пржен кога праев и скоро половина насецкав ситно и ставив.
Буквално најпростиот рецепт на сите времиња, а е превкусен и не чини цело едно богатство да се направи Запржуваш пилешко филе/гради да заруменат (претходно маринирај го месото малце со зачини и стави го на добро загреана тава - трик за пилешкото секогаш да биде вкусно ), во меѓувреме сечкаш пиперка, истураш боранија од ќесе и наут од конзерва. Се крчка заедно се' некои 20-30 минути и тоа е тоа... Одлично е за јадење и за втор ден, малку притоплено Можеш да ставиш малку од слатко-лутиот сос што е во Кам, фино оди
Заборавив да ти кажам, исцеди го наутот прво убаво, можеш и да го заплакнеш малце. Ако направиш, да ме тагнеш да видам
Фала ти. Мислев дека има и кари сос, така ми изгледаше на сликата. Планирам да го направам со свеж наут, односно прво да го сварам. Поздрав!