Не е печено, си се динста во земјената тава со зеленчуџите, само претходно го маринирав во малце лимон, магдонос, зејтин, на врв лажичка сенф, вегета, црн бибер, сол. Телешко каре изнасечено на потенко е
Пола час на 250, 1 час на 200 степени и уште пола час со откриен капак на 150 степени. Додавав еднаш само течност брот-коцка телешка супа бидејќи бргу испарува течноста.
Многу долго се вари обичниот наут, не би ти препорачала ако немаш правено досега. Се вари со саати и саати, а водата пени и постојано треба некој да стои над него и да му додава вода. Не знам дали би испаднало вкусно така, пробај си на помала порција прво.... јас како попарена бегам од свеж наут, too much fuss ми е Да ставите сликички сите ако правите
Свеж наут остави го преку вечер да кисне во вода, најмалку 8 до 10 саати и после вари го. После за саат се вари.
Повели. Можеш слободно да го модифицираш. Јас ставив повеќе семенки, тие 30 гр. ми беа некако малку и ек. дев. маслиново масло наместо обично, иако првпат ги правам. Друго што сменив, ги премачкав со белката што ми остана и ставив над нив оригано, рузмарин и сомелен ким. ...и направив дупчиња, да изгледаат како купечките крекери.
Обични интегрални шпагети со малку пропржено пилешко, додадено отпосле замрзнат грашок, пченка и боранија. Се прави многу брзо и е мнооогу вкусно, а и е прав избалансиран оброк. Можеш да му ставиш и малку кари на пилешкото (покрај другите зачини) и соја сос.
Извини, погрешно се изразив, на сушен мислев... во Рамстор го купувам. Ама свеж го викам наспроти конзервираниот
Знам, знам и така имам пробано, ама со оглед на тоа како и колку готвам, гледам се' што можам да си олеснам. Мислам, не дека е тешко да киснеш наут ама треба да го мислам, а следниот ден може да се случи да немам одма време да го сварам, па така да кисне цел ден. Целта ми е да биде избалансирано, разновидно, полно со зеленчук, здраво, а брзо, па затоа ми се наоѓаат ептен замрзнатите зеленчуци и наутот во конзерва. Кој како си сака, така, слободно пробајте и да варите наут
По овој рецепт https://bonapeti.rs/recepti/r-143304-Frikase_sa_ćuretinom_i_ruzmarinom Само не ставив рузмарин, не го сакаат моиве. Бујон од коцка правев, и на крај само јајце изматив, без кисела павлака и млеко.
АФИОН ТОРТА СО МАЛИНИ ЗА КОРИ Х 2 5 белки 5 лажици шеќер 50 гр афион 2 лажици брашно 1/2 пакетче прашак за пециво ФИЛ 8 жолчки 500 мл млеко 2 ванила пудинзи 8 лажици шеќер 125 гр путер 1 желатин ЖЕЛЕ ОД МАЛИНИ 300 гр малини 2 лажици шеќер 150 мл вода 2 лажици нишесте Постапка 1. Се мати цврст шам од белки и шеќер па му се додаваат претходно измешани брашното, прашакот за пециво и афионот. Се прават две вакви теста и се печат по 15тина минути на 180 степени. Откако ќе се изладат, се попаруваат со по 150 мл млако благо млеко. 2. Желатинот се раствара во вода да набабри. Млекото, од кое сме одзеле 2-3 лажици, се става да се загрее. Останатото го мешаме со жолчките, шеќерот и пудинзите,па го додаваме кон загреаното млеко и вариме густ крем. Тргаме од оган и го додаваме путерот и желатинот. Оставаме убаво да се излади па ставаме да се стегни во фрижидер. 3. Малините со шеќерот ги ставаме на тивок оган, нишестето го мешаме со водата и го додаваме. Се вари на тивко до вриење па се лади и става во фрижидер. Откако филовите се изладени, минимум по 2 часа, ја филуваме тортата, кора, фил, желе, фил, кора. На крај декорираме со изматена слатка павлака. @mal.ecka повели
Секако Се замесува тесто од 250 гр мек путер 100 мл масло 250 мл вода (или пиво или бело вино) 2 лажички сол 2 пакетчиња прашак за пециво 1 кг брашно Се остава половина час. Се расукува тенка кора, се мачка со јајце, се наросува со сусам, се превртува кората и на другата страна се мачка со јајце и се наросува со црвена пипер, малку ким и малку афион. Се сечат ленти и се вртат спирално. Од другиот дел направив правоаголни грицки само со сусам. Се печат 20тина минути на 200 степени. Еднакво вкусни се и доколку ги правите со пиво или вино.