https://moirecepti.mk/post/чоколадна-роденденска-торта-3 Јас со измени го правев. Ставав во вториот дел филаделфија плус чоколадо. И на крај кај што е со цено чоколадо јас бело ставив. Нема да згрешиш никако. Превкусен е.
Секако Едно пакување замрзнато лиснато тесто ( го има во Кам). Го оставив преку ноќ во обичен фрижидер. На средина од тестото се става чоколадото, странично се засекуваат паралелни ленти и со нив се обложува чоколадото да добиеме плетенка. Се премачкува со разматено јајце и се печи додека порумени, 20тина минути на 200 степени. Превкусно
Секако. Од тука го правев. Јас направив мали модификации за поздрава верзија. Наместо бело брашно користев интегрално. Го заменив шеќерот во тестото со две лажици мед. Ова отприлика по мое, затоа што прв пат ги правам но за мој вкус е таман благо. Исто и во филот наместо шеќер, ставив мед но повеќе се растекуваа па тука би ти рекла сепак по рецептот е подобра опција.
https://moirecepti.mk/post/колач-со-јаболка-2 Плус пола лажиче цимет додадов, во рецептот на линкот е без цимет. По вкус како сакаш така.
@BabyT* извини што дури сега ти одговарам. Читав неколку рецепти за јаболко-мафини,од секој по нешто ми фалеше и решив да импровизирам. Изрендав една голема јаболка со се лушпа и ја исцедив водата,ставив 1 јајце,околу чаша ипол брашно,1 лаж кафеав шеќер,две мали л.путер од кикирики,малку путер (20-30гр),пола лажиче сода бикарбона дека немав пециво,50тина гр грчки јогурт,шака сецкани ореви,цимет,и млеко колку да се спои смесата до конзистенција како за мафини. Печев 15-20 мин на 180. Оваа доза е мала,8 мафини ми излегоа,дуплирај слободно. Нареден пат,би ставила повеќе јаболка и шеќер.
1,5 кг јаболка 300 гр шеќер 200 гр ореви мелени 200 гр бисквити мелени Јас бидејќи немав ореви. Ги направив со бисквити. Не ставив 400 гр. Кога ќе ставаш од прилика ќе видиш колку е потребно за бисквитите. Јаболката ги лупиш и ги рендаш, ставаш шеќер и ги ставаш да изврие водата што ја пуштаат и да се по пржат малку. Потоа ги ставаш бисквитите/оревите и правиш топчиња, ги валкаш во кокос. Јас правам и бомбици со банана ама овие мене лично ми се преубави .