4 јајца 1 чаша шекер 1чаша масло 1чаша млеко Пециво Ванилин шекер И брашно по мерка да се згусти Јас и прелив чоколадо му турив и мелени ф’ст’ци после печењето
Секако. - 400 гр. варен пилешки стек сецкан на парчиња - 2 авокада сецкани на парчиња - 5 варени и сецкани јајца - 1 помал сецкан кромид - 1-2 сецкани стебленца целер - 1 - 1,5 мало канче грчки јогурт (јас ставам со најмала масленост) - 2 лажици маслиново масло - 1 лажиче сенф - бибер и сол за вкус Ако сакаш можеш да ставиш и лажица мајонез. Во поголем тањир се мешаат грчкиот јогурт, сенфот, маслиновото масло. Се додаваат сецканите ствари, се меша и додава сол и бибер и voila, имаш готов брз и здрав и превкусен ручек.
https://letok.mk/recepti/krckavo_pileshko/ Да нема забуни, сајтот е мој, сликите се мои, рецептот е мој, не крадам слики
@minne992 Aко може рецепт од Ачми ( мислам така се викаше пецивото, ќе ставам и слика). Како да ставам слика во спојлер?
@Berguzar и @GrimTheReaper може ли рецепти од грнињата? @Stressed Out како ги правеше компирчињата што ги постира вчера? Изгледаат однадвор крцкави а внатре меки @simonna.a рецепт од пилешкото во бел сос ако може
Може Го подмачкав грнето со маслиново масло и на дното ставив Барила- доматен сос со маслинки. Потоа ред сирење, ред зденка (happy cow, полесно се облекува како тесто) и ред рендан кашкавал. Оставам малку да се стопи и додавам матено јајце за да добие крцкав вкус. Се на се, за цели 20тина минути имаш ручек. Едит. Ги заборавив печурките во слојот меѓу сирењето и зденката.
Се вари тиквата, се блендира заедно со крем сир (филаделфија) и сосема малку водичка од тиквата ради мазна смеса. Се става во веќе варените макарони, се става вегета и бибер и малку масло. Тоа е. Одозгора кашкавал пармезан што сакаш по желба. Прелесно и превкусно. Истото можеш и со спанаќ наместо тиква или само крем сир.