Ептен просто го правам и најубаво ми излага. Пржам кромид, па додавам мелено мевце,бибер и сол . Ова беа подебели кори со хељда па ставав на секој ред по малку месо пропрскано со газирана вода и Зејтинче. Кора врз кора редев и на крај страните ги ставив плус внатре. На 180с печев некои 45мин. Може на појако, ама јас не сакав живи внатре да останат корите живи, а се да изгори. Најбрзо јадење ми е ова.
А ако земам обични кори, тие нели се потенки, на секоја 3 кора да ставам зејтин вода и мелено месо или? И на крај го покриваш ли со некоја крпа или ало фолија?
Јас на две фрлам месо, поубаво ми е така .И не покривам ич. Ставам на потивко (180) и испаѓа топ. Кори се, брзо се печат
Убавина Може рецепт ......и да дојдеш кај мене да ја направиш ? Се надевам не е некоја тешка постапка
"Lemon Blueberry Cake | Liv for Cake" https://livforcake.com/lemon-blueberry-cake/ Само се заиграв со надворешниот look по свое.
Рецептот е овај https://explosionofflavorsandfragrances.blogspot.com/2016/12/blog-post_7.html?m=1 Кај мене има измени. Го направив помал, додадов 150 гр јогурт, мелени лешници и рум. Боите не ми испаднаа убави.
Коцка квасец 1 мало лажиче сол (за кафе) 1/2 мало лажиче шеќер 1 супена лажица масло 1 кг брашно При месењето се додава 250 ml млака вода и јогурт. Кога тестото е готово се прават формите во вид на ѓеврек со помош на врвца (подебел конец) и се пржат.
200g брашно (јас измешав пола бело, пола пченкарно) 200мл јогурт 3 јајца 100мл масло една ќесичка прашок за пециво лажиче сол лажиче оригано 100г сецкана шунка 100г рендан кашкавал Се матат јајцата убаво, се додаваат јогуртот и маслото. Посебно се мешаат брашното, солта, ориганото, пецивото и во нив се мешаат шунката и кашкавалот. Се додава течната смеса, се меша да нема грутки, се става во калапи и се пече на 180 степени едно пола час.