@LivingGlam точно кажа @sesilija брашното е тип 00, и токму целата тајна на тестото за пица и кростата т.е овие Италијански специјалитети се состои во ова брашно. Брашното е пелин бело значи, ако не можеш да го пронајдеш би те советувала да ставиш од најбелото што воопшто постои во Македонија за да биде по кревко и меко. Ова брашно можеби го има низ скопје од продуктите на дивела.
Моја грешка, воопшто не ми текна ваква важна ствар да напоменам. Значи ако не можете да пронајдете вакво брашно, ставете од она најбелото од жито лукс, сигурна сум дека ќе заврши работа.
@sesilija рецептот бара self-rising flour? Овој тип брашно се продава во САД и често го употребуваат во рецептите. Меѓутоа може и дома да се направи, не е некоја голема филозофија. Ако бара такво брашно тогаш ти треба 125 г сенаменско брашно, 1/2 лажичка сол и 1 1/2 лажичка прашок за пециво.
Еленор, пишуваше наменско брашно за кревање на тестото, еве вакво Гледам Подравка имаат еден куп брашна, за крофни, за пица, за палачинки, за тенки теста, не знам зошто не ги увезуваат кај нас- или можеби ги увезуваат, а јас не сум запознаена...
1кг брашно, јас ставав пола бело пола интегрално на Данубиус 1 квасец 750мл млака вода, да не е врела 2лажици маслиново или обично масло 2 лажички сол 1 лажичка шеќер, кафеав или обичен, или мед плус брашно за наросување Квасецот се раствара со малку брашно, шеќерот и малку вода, веднаш се додава остатокот од брашното, водата и маслото, а солта се става на крај, не смее да допре до квасецот оти нема да се дигне, тоа е правило за секој квацес. Се меша, може дури и со дрвена лажица, се наросува убаво со брашно садот во кој седи брашното и одозгора убаво се наросува оти тестото е течно и ќе нарасне доста. Најубаво е да нараснува саат време, затоа ставете го во подлабок сад. За да се задржи топлината покријте со стреч фолија и одозгора чиста крпа. Откако ќе стаса се дели на две врз набрашнета површина и иако е тестото меко и еластично може да се формираат две убави векни така што ќе се вртат двата краја во спротивен правец. Се пече 30 минути на 200 степени, и уште 10тина минути на 150 степени. На дното од рерната ставете метално тањирче со вода за да добиете крцкава коричка. Постапката е иста и за со целосно интегрално брашно, само ќе ви излезе многу тврдо и за целосно бело брашно, е со него душа меко ќе ви излезе.
И овој рецепт е од Храна и Вино. Состојки: 4 јајца 180 гр шеќер 150 гр црна чоколада 375 мл слатка павлака 125 мл млеко 1/2 лажичка цимет Во тенџере на оган се ставаат шеќерот и циметот, се мешаат додека да стане карамела. Се трга од оган 1 мин да се излади и се става во тава со маргарин намрсена бр 22. На оган се топи чоколадата со слатка павлака. Се остава да се излади. Со миксер се матат јајцата. Се додава млекото и се меша со жица. Се додава чоколадата со слатка павлака и се меша да се соедни. Се нанесува врз карамелот. Тавата се става во поголема тава полна со врела вода. Се пече на пареа 20 мин на 180°, се намалува на 150° и се пече уште 40 мин. Откако ќе се излади, се става во фрижидер една ноќ да отстои. Се вади од фрижидер и се превртува на чинија за торта. Пријатно! Превкусна е. Ако ја направиш пиши импресии.
Od tuka go ukradov receptot. http://boljizivot.work/pahuljaste-kiflice-za-20-min/ Mnogu se vkusni, a I brzo se pravat. Za 20-25 min. gotovi se.
@kjukli Се меша се и се меси, тестото да ти биде меко, после сукаш кора и си сечеш кругови. Ем брзо ем вкусно. Ако направиш - сподели слика и импресии
@kjukli 750 грама бисквити 2 будинга од чоколадо 700 грама млеко 3 банани 2 шлаг крем (јас употребив еден шлаг крем од чоколадо друг од ванила) 100 грама прав шеќер една коцка маргарин Бисквитите се кршат со раце, потоа се приготвува будингот односно во зовриеното млеко се додава будингот и се меша. Потоа во будингот се додава изработениот прав шеќер со маргаринот и заедно се меша со микесрот се додека не се соедине смесата. Смесата со будингот и прав шеќерот и маргаринот се истура во сокршените бисквити се се меша, ако е сува смесата може да се додаде малку млеко. Се зема едно диско за торта и половина од смесата се истура во диското, па се додадаваат исецканите банани на кругови (се редат). Се додава шлаг пената од чоколадо (едно пакетче) и потоа се истура останата смеса од бисквити. Целата торта се премачкува со белиот шлаг крем и се декорира со чоколадни мрвици (или нешто по твој избор) Бидејќи е со повеќе слоја парчето торта навистина изгледа многу големо, а и вкусно. Ако имаш нешто нејасно слободно прашај ме Спојлер: Слика Јас се извинувам за лошиот квалитет на сликата но моментално дома имам телефон само со слаба камера.
И со стопено чоколадо ли се прелиени одозгора,предпоставувам се пржат ... Може малку подетално и како направи вдлабнатина на средина, оти велиш дека се сечат кругови. @sia.bella
Се сечат кругови со модла(со фигура кружна и на средина со помала форма кругче нешто како капаче од шише таа големина.Јас имам срциња дома,ѕвезди мечиња нилски коњ,слонче.Интересно излегуваат имам колачиња правено.60 ДЕНАРИ ГИ ЗЕДОВ 6 и кругче има.Пластични се.Сигурно е чоколадо на пареа може и еурокрем има Сиа Белла ?