Ставив само плус во тестото мелени ораи и во филот суви сливи. Одозгора наместо шеќер во прав ставив растопен крем.
Прво ставив сирење со виљушка го изгмечив,после слама сецкана на коцки,па кечап(или доматен сос) па зачини оригано ,рузмарин што имаш,па ставив чајна,кашкавал на подебело свечено и малку сиренце нареднава одозгора. Нема печурки а може и тоа,што сакаш измеѓу.
Рецепти од сите колачи овде имате https://letok.mk/recepti_sostojki/колачи/ А сосот го направив така што на маслото што се пржеше лососот растопив малку путер од кикирики, додадов бело винце, зачини и крем за готвење (хопла), соеднив и ги ставив котлетите лосос да прокрчкаат.
Јас ги правам по овој рецепт. Посни и крцкави. Првиот рецепт. Може и други семиња да ставиш, ленено, чија семки.. . Сусамот и сончогледот ги потпечувам @AngelOfArh ти благодарам. Петок сосот со лосос, а утре погачиците со боровници и ќе цуфнам од бакнежите. Иако не јадам благо многу сакам да правам
https://sezahrana.mk/посни-грицки-со-сончоглед-и-сусам/ По овој рецепт, само што белото брашно го заменив со интегрално и сончогледот го заменив со семки од тиква. Ставив и ленено семе, и не по 250 г, туку по 100 г од секое семе.
4 јајца 3/4 шолја шеќер 1 ванила половина шолја брашно 1 лажица какао 200 гр чоколадо за готвење половина маргарин за готвење Малина или друго овошје по желба Чоколадото се растопува со маргаринот и се остава да се излади. Се матат јајцата со шеќерот се додава ванилата и брашното и какаото се промешува потоа растопеното чоколадо и се меша повторно смесата ја истураш во намрсени калапчиња за мафини (само полни ги до горе јас до пола ги полнев) доколку сакаш во секое додавај по некоја малина јас на половинат им додавав по 1на добри се и без малините во средина се течни како лава колач. Се печат во загреана релна на 200 степени 10 минути. Навистина се многу вкусни.
Ти благодарам ама и лесно се прави . Рецептот е по ова видео со тоа што јас печев само една кора во правоаголна тава и ја сечев на пола . Готова ја сечев на поголеми коцки и над чоколадната глазура шарав со топено на пареа бело чоколадо.