По овој рецепт ги правев https://www.coolinarika.com/recept/linzer-keksici-linzer-augen-originalni-recept/ Ако имаш добар рецепт за ванилици, може да послужи, само потенко ќе го сукаш тестото пред да сечеш со калапите. Јас импровизирав со калапите што ги имам, дупчето го правев со пластично капаче. Има калапи посебни за вакви колачи, ама не сум побарала, сигурно има.
Ред компири па мачкаш мајонез па рендаш сирење па јајца. И така неколку пати. Тортичето е со бисквити ( црни и бел) и хопла. Нема филозофија, редиш бисквити, па ги прскаш со млако млеко во кое ставам малку капучино и врз нив хопла
Фала ти кога го прочитав рецептов сфатив дека всушност е ист со мојот рецепт за колачиња, само што наместо рум ставам m&m бонбони и не ги обликувам со рака туку црпам со лажица за сладолед.
Половина маргарин или путер маткаш со миксер со 150гр.шеќер и една ванила .Му се додава едно јајце и три лајци рум или вишновка.Додаваш 400гр. брашно ,половина пециво .Се соединува смесата и ставаш 200гр.чоколадо сецкано и ореви или кокос по желба.Правиш бомбици и печиш на хартија. 180 степени 15 мин зависи од шпоретот
Подлогата е од мелени бисквити, 3 лажици какао, 2 лажици растопен путер и малку млеко. За фил 1 пакетче крем сирење се обработува со миксер, му се додава една кутија готов шлаг ( можеш и хопла ако немаш шлаг ) и пола тегличе линолада. Се истура филот врз бисквитот и одозгора ставив чоколадо растопено со малку хопла.
Хахаха, како наседнав. @IronLady, те молам рецепт од падобранците? Штом ги крадат мора да се превкусни!