Фала ти Еве ова е рецептот. Следен пат јас лично би го правела со 1 пудинг но би ја задржала грамажата на шеќерот, вака не ми беше многу благо затоа што доби кисело од малините и многу фил ми остана на крај. А многу беше убаво.
Бубче не ми стигнало известување дека си прашала, извини. Похован е, си го пржиш дома. Ама многу брзо се пржи.
За подлога: Мелена плазма и мелени ореви, плус додадов уште неколку покрупно кршени бисквити,се од око ставав ова дури не добив доволна количина. Стопив 100мл млеко и 1/3 путер,ставив 3 лажици какао и една лажица шеќер, наполнив калапот и во замрзнувач. Филот е: 200г крем сирење, 500мл шлаг и речиси цело тегличе еурокрем со сецкани лешници внатре (јувитана мислам да не се викаше). Филот е превкусен инаку За горе стопив малку од еурокремот и пак на ладење. Многу е поубава вака него класичен чизкејк.
Леле појма немам, го фрлив пакувањето уште одма. Знам беше околу 90ден, името не му го забележав,прв пат го купив. Филаделфија е со најнеутрален вкус, мислам и најубаво е за вакви торти.
Ја замолувам @Dust да објасне како го направи тој ручек ред компири, ред пршута Цел ручок ми отиде во комшиите
@SofiMar_ ќе може рецепт за еклерите? И ако имаш некој совет за тестото би било супер, мене не ми успеваат...
Јас ги печев првите 20 минути на 250 степени, и после намалуваш на 150 степени уште 20-25 минути. Дури се печат никако не смееш да ја отвараш рерната. Нема некоја филозофија, најбитно е печењето. Не брзај да ги извадиш, подобро да ти бидат малце препечени него живи внатре и да ти спласнат. Во филот ставив и една шлаг пена изматена многу поубав е така.
Мала диња, додека е мала, зелена се става во туршијаМоите дома не ја сакаат, а мене ми е многу вкусна.
ова ми е основниот рецепт често си го менувам како и сега ,немав хопла па шлаг ставив и растопено чоколадо од горе (во тестото ставив боровинки замрзнати и 2 лажици џем од боровинки)се надевам ќе ти се допадне